Албаниан Пост: Макрон бара да се отворат преговорите со Албанија и Македонија до крај на годината

Од:

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, им испратил писма на сите француски амбасадори во земјите од Европаката Унија, во кои бара од нив интензивно да работат за отворање на преговори со Албанија и Северна Македонија, пренесува Алабниан Пост.

Албанскиот интернет портал според негови извори од Елисејскатра палата, пишува дека Макрон поставил два датума. Првиот датум за решавање на проблемот меѓу Бугарија и Северна Македонија е 14 декември, односно дотогаш двете балкански земји треба да постигнат договор за бугарското вето за С Македонија, што е пречка за отворање на преговори и за Албанија.

Вториот датум поставен од Макрон, е 31 декември. До крајот на годината според Албаниан Пост, претседателот на Франција побарал отворање на преговорите со Албанија и Северна Македонија.

Симболиката на 14 декември се надоврзува со состанокот на шефовите на земјите од ЕУ. Ако договорот се постигне до овој датум, тогаш Унијата ќе може да го утврди почетокот на преговори за Тирана и Скопје.

Француските амбасадори во ЕУ ги очекува интензивна агенда на состаноци до 14 декември.

Албаниан Пост во својата анализа уште додава дека ова е еден од поконкретните чекори што се презема од една членка на ЕУ за отворање на преговорите. Главната причина за ова туркање од официјален Париз е фактот што Франција го презема претседавањето со Унијата од 1 јануари 2022 година. Париз не сака да преземе стар нерешен проблем, наведува порталот.

За ова иницијата Макрон добил одобрение од лидерите на водечките земји во ЕУ, меѓу кои и од германската канцеларка во заминување Ангела Меркел.

Албаниан Пост пишува и дека Северна Македонија сега е во една нејасна политичка ситуација. Премиерот Зоран Заев најави дека ќе поднесе оставка од позицијата премиер, но тоа официјално уште не е направено, а се очекува и гласање доверба на неговата Влада во Парламентот.

Би можело да ве интересира

Во Албанија 2.832 новозаразени за 24 часа, најмногу од почетокот на пандемијата

А1он

Лирман во посета на Тирана: Перспективата на Албанија и Западен Балкан е во ЕУ

Ана Ололовска

Лирман во Тирана: Добивме позитивни сигнали од Бугарија, посветени сме на отворање на преговорите

Ана Ололовска

Мета: Нема причина да жалам што немав средба со Ердоган

Ана Ололовска

Ердоган во албанскиот Парламент: Албанија стратешки партнер на Турција, но мора да преземе мерки против „ФЕТО“

А1он

Ердоган во Тирана: Присуството на ФЕТО во Албанија многу го повредува турскиот народ, преземете конкретни мерки

А1он