Ахмети: Во 2013. му дадовме поддршка на Села за да не ја загубиме Струга, сега ќе ги мериме силите

Од:

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, од струшкото Ладоришта му порача на лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села дека на локалните избори ќе ги мерат силите за Струга.

– Во 2013., вие сте сведоци, дека бев тука и повеќе од самиот Зијадин Села бев загрижен да не ја изгубиме Струга и се заложив за тоа со сите мои тимови. Јас никому не работа позади. На Зиадин му кажав дека ќе ги мериме силите за Струга и тоа му го кажав пред изборите, рече Ахмети нагласувајќи дека ДУИ нема намера да се повлече со кандидатурата за Струга со Рамиз Мерко.

Тој истакна дека ДУИ го нуди Мерко како најдобро решение за Струга, а на Села му порача да побара поддршка од новите партии.

Во Ладоришта, Ахмети уште еднаш изрази загриженост за поделбата на гласовите на Албанците, упатувајќи апел до граѓаните, политичките партии и граѓанските иницијативи да не се деласт, бидејќи според него така се губи силата и важноста.

Ахмети потсети дека ДУИ останува национална ризница која ги направи промените и ќе продолжи да се залага за националното прашање за доброто на сите.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски