Ахмети: Со девијации во судскиот процес за „Монструм“, коалицијата ќе има последици

Од:

„Влошување на ситуацијата во Македонија беше започнато, но кулминираше со 5-кратното кај Смиљковско езеро, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за Вториот канал на Јавниот сервис.

Коментирајќи во врска со изјавата на министерката Јанкуловска дека убијците се исламски радикалисти, дури и без почеток на судењето, Ахмети изјави дека ќе побара официјално одговорност за таа грешка, без разлика дали е од ДУИ или од ВМРО-ДПМНЕ.

„Од првиот момент имавме постојан контакт со нашиот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ, и таму ни беше кажано дека изјавата на министерката беше извадена од контекст, но нејзината изјава ќе остане нејзина морална одговорност,таа треба да се објасникаде изјавата е извадена од контекст“,  рече Ахмети.

„Без одлука од судот да се каже дека овие се убијци , да бидат етикетирани како радикални, тоа е недопустливо, и затоа треба да се сноси одговорност“, рече Ахмети во интервјуто.

„Од почетокот на „Монструм“ ние побаравме помош од САД, ЕУ и ОБСЕ со една цел, да не има последици кон некој невин, и во име на транспарентноста. Гарантираме дека никој невин нема да страда од овој процес. Ако има девијации во судскиот процес, тоа ќе значи дека и коалицијата ќе има последици“, изјави лидерот на ДУИ.

„Не дека сум му кажал на Груевски, туку се знае дека името треба да се промени, компромисот треба да се постигне, нема друга алтернатива.

– Грција има свои проблеми и нормално немала време за да се бави со спорот. Има политичка волја да се реши проблемот, има модалитети а и неколку пати сме биле блиску до решение, но кризата во Балканот не одалечила. Се работи на името и покрај ваквата ситуација“, изјави Али Ахмети запрашан за спорот со името.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

ВЛЕН: ДУИ го присвои Охридскиот договор и сега го кочи Законот за правична застапеност

Ахмети: Наместо партнерство, повторно се враќа логиката на доминација

А1он

ДУИ: Владата 90% од грантовите за Охридскиот договор ги доделила на организации од српската заедница

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа