Ахмети се сретна со Палмер и Бејли

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција денеска во Амбасадата на САД во Скопје оствари средба со директорот на Канцеларијата за Јужна и Централна Европа во Стејт департментот Метју Палмер, како и американскиот Амбасадор во Македонија, Џес Бејли, соопшти ДУИ.

– Ахмети и гостинот од Вашингтон разговараа околу актуелната ситуација во земјата и регионот, предизвиците на новата реформска влада како и за процесот на интеграција на земјата во НАТО и во ЕУ, се вели во соопштението.

Претседателот на ДУИ го запознал Палмер за приоритетите на ДУИ во новата влада кои вклучуваат спроведување на реформите во областа на владеењето на правото, целосно спроведување на Охридскиот Договор, непосредна интеграција во НАТО и отворање на преговорите за членство во Европската Унија, заедно со економскиот развој, подигање на животниот стандард и отворање на нови работни места.

– Ахмети истакна дека што поскоро остварување на полноправно членство на Македонија во НАТО е најпотребно и дека ДУИ ќе ги вложи сите напори за да се постигне оваа наша цел. Секое одлагање во овој пат остава простор за проширување на странски идеологии, геополитички и геостратешки судир, се додава во соопштението.

Ахмети ја посочил неговата целосна посветеност овие цели да се реализираат и ги повика САД и меѓународната заедница да ни помогнат во надминување на пречките кон реализација на овие цели.

Би можело да ве интересира

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата