Ахмети од Охрид: Само обединети Албанците можат да бидат дел од институциите

Од:

Братството создава сила, а само обединети Албанците во населените места каде што се малцинство можат активно да бидат дел од институциите и на тој начин да ги остварат своите права. Затоа Албанците, Турците, Египќаните заеднички треба да настапуваат и на тој начин да бидат дел од локалните институции, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети од средбата со граѓаните и симпатизерите на партијата одржана вечерва во Охрид.

Тој во обраќањето пред присутните рече дека ДУИ како коалициски партнер на СДСМ работи чесно, а не по двојни стандарди, оттаму и партиското решение членството и симпатизерите на партијата да ги поддржат кандидатите на СДСМ во општините како Куманово, Скопје, Охрид, Битола, Прилеп…

Што се однесува на активностите на партијата на национално ниво, Ахмети потсети на нејзниот став за членство на земјата во ЕУ и НАТО, преку исполнување на сите стандарди, домашните задачи како владеење на правото, слобода на движење на луѓето и стока низ целиот Западен Балкан.

– Ние работиме за иднината бидејќи немаме алтернатива освен НАТО и ЕУ, а во таа насока поголема безбедност и мир за луѓето. Стандардите значат и еднаквост на сите, а Европа ги поздравува различностите како заедничко богатство. ДУИ ја брани таа теза, но на Албанците во Македонија не им требаат повеќе од две партии бидејќи секое расцепкување на гласовите ја ослабува нашата позиција, рече Ахмети.

Тој ги повика граѓаните да ја поддржат заедничката листа и на тој начин Албанците во Охрид да се изборат за нивна правична застапеност во локалната самоуправа и општинските институции.

Пред присутните обраќање имаше и носителот на листата за членови на советот на општината Нефи Усеини, кој вети повеќе средства за деловите на градот каде живеат помалите етнички заедници, изградба на подобра инфраструктура како канализација, асфалт на сите сервисни улички, поголема застапеност и заштита на работниците во општинските јавни претпријатија…

Предизборниот караван на ДУИ претходно денеска ги посети и оствари средби со граѓаните на Струга и на струшките села Радолишта, Шум, Заграчани, Белица, Велешта, Подгорци, Лабуништа и Делогожда.

Би можело да ве интересира

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните

А1он

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он