Ахмети: Ние сме избрани да носиме храбри и важни одлуки, а не да калкулираме за следни избори

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети изрази благодарност до пратениците кои синоќа гласаа за уставните измени. Тој преку соопштение се осврна и на оние пратеници кои не ги поддржаа измените и ги повика да се приклучат во понатамошните постапки за заокружувањето на овој процес.

„Ние сме избрани да носиме храбри и важни одлуки, а не да калкулираме за следните избори и следниот мандат. Тие 80 – те пратеници што гласаа за, но и тие кои што се воздржаа од гласање, знаат многу добро дека само овој пат ни носи стабилен мир, добри меѓуетнички и добрососедски односи, системски реформи, правна држава и владеење на правото, еднаквост и заокружување на Охридскиот Договор, економски развој, повеќе работни места , странски и домашни инвестиции и општествена благосостојба“, вели Ахмети.

Претседателот на ДУИ ја повика опозицијата да застане на исправната страна на прогресот и евроатланската определба без задоцнување и понатамошни калкулации.

„Одмор нема. Уште од денес продолжуваме со работа за да го заокружиме овој процес“, порача Ахмети и додаде дека „заедно сме посилни“.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Гаши: Уставот не треба да се отвора ад-хок, ова е сензитивно прашање

Катерина Ѓуровски

Сиљановска – Давкова: Во Македонија околу 80 отсто од граѓаните не сакаат да се менува Уставот

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата