Агатангел: Ќе бидам учесник, но не и предводник на протестот за одбрана на името

Од:

Владиката Агатангел нема да го предводи вечерашниот протест за одбрана на државата и идентитетот на нацијата. Иако шесте патриотски здруженија најавија дека на чело на протестниот марш ќе застане тој, повардарскиот митрополит Агатангел за „Макфакс“ вели дека ќе биде учесник, но не и предвоник. Тој не сакаше да одговори на прашањето зошто не го почитува генералниот став на МПЦ дека свештените лица не смеат да се мешаат во политиката.

„Вие гледајте си ја вашата, јас мојата работа“, рече кусо владиката Агатангел и го прекина повикот.

МПЦ преку владиката Тимотеј неодамна за „Макфакс“ излезе со став дека не е работа на црквата да се занимава со спорот за името.

„Наше е да шириме мир, љубов и разбирање меѓу луѓето, а не да работиме на нивно разидување“, рече владиката Тимотеј.

Протестот ќе започне во 18 часот пред ЕУ инфо-центарот, од каде што демонстрантите ќе се упатат кон Собранието. Тие имаат барање да се стави крај на преговорите за името со Грција, повлекување на законот за јазиците, поништување на договорот со Бугарија, како и ослободување на притоврените за настаните во Собранието на 27 април.

К. Л.

Би можело да ве интересира

Митрополитот Агатангел: Бугарската црква го оцрни македонскиот народ, грешка беше што побаравме да ни биде црква-мајка

Орце Костов

Митрополит Агатангел повторно удри по власта: Имам надеж дека македонскиот народ ќе види дека е однародена

А1он

Патриотски протест поддржан од владиката Агатангел попладнево пред седиштето на ЕУ

Жарко Настоски

Агатангел: Згрозени сме од насилството на Талат Џафери

Ана Ололовска

Митрополитот Повардарски г. Агатангел се оградува од соопштението на Синодот на МПЦ-ОА

Наум Локоски

Митрополитот Агатангел со спротивен став од Синодот на МПЦ

Наум Локоски