Митрополитот Агатангел: Бугарската црква го оцрни македонскиот народ, грешка беше што побаравме да ни биде црква-мајка

Од:

Синодот на Бугарската православна црква го прифати томосот со кој Српската црква и даде автокефалност на Македонската православна црква, но не го прифати името Охридска архиепископија и порача прашањето за името да се реши во дијалог со другите православни цркви, а архиепископот г.г. Стефан ќе го спомнува како „блажениот Стефан Архиепископ на Северна Македонија“.

За митрополитот Повардарски, господин Агатангел, овој чекор бил очекуван, односно не очекувал никогаш да ја признаат МПЦ како Охридска архиепископија. За „А1он“ владиката Агатангел истакна дека овој потег нема да смени многу во православниот свет затоа што очекува сите православни цркви, освен грчката, да ја признаат МПЦ како Охридска архиепископија.

– Знаев дека нема да не признаат под вистинското име, но не ни очекував да направат нешто поразлично. Ова е оцрнување на македонскиот народ. Ние во 1958 година ја возобновивме Охридската архиепископија. Ако била нивна како што тврдат, требало да ја подигнат. Ова нема да допринесе за развивање на нашите односи. Но, ова го направи политиката која не понижи како народ. Веќе не знам кого да обвинам – истакна митрополитот Агатангел.

Првата одлука за признавање на македонската црква, но не и нејзиното име, бугарската црква ја донесе откако Светиот синод на Бугарската патријаршија ги разгледа писмата од вселенскиот патријарх Вартоломеј и српскиот патријарх Порфириј во врска со канонскиот статус на МПЦ. Тогаш БПЦ ги поздравува одлуките за укинување на расколот и влегување во канонско и евхаристиско единство со нашата црква.

На 9 мај Вселенската патријаршија ја призна Охридската архиепископија за канонска, додека на 24 мај годинава, српскиот патријарх Порфириј на литургијата во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје објави дека Саборот на СПЦ ја прифаќа и признава автокефалноста на МПЦ-ОА со што се затвори спорот помеѓу двете цркви.

Митрополитот Повардарски смета најголемата грешка за лошите односи со Бугарската црква е направена во 2017 година кога Светиот синод на МПЦ испрати писмо до Бугарската православна црква во кое побара од неа да и биде црква-мајка ако ја признаат афтокефалноста на МПЦ-ОА.

– Тука е грешката. Можеби била добронамерна одлуката, но политиката замеша прсти тогаш – рече г. Агатангел.

Бугарската православна црква во 2018 година соопшти дека не може еднострано да ја признае МПЦ-ОА и дека за автокефалноста треба да решаваат сите православни цркви.

МПЦ со години наназад за признавање на автокефалноста и се обраќаше на Вселенската патријаршија во Истанбул, а не на СПЦ. Таа ја призна Охридската архиепископија за канонска, што значи дека македонските свештеници можат да служат со свештеници од другите православни цркви, но и препушти на СПЦ да ги регулира односите помеѓу неа и МПЦ.

Руската православна црква тогаш ја оцени одлуката на Вселенската патријаршија како „грубо и антиканонски и политички мотивирано“ влегување во надлежноста на СПЦ.

Би можело да ве интересира

Владиката Тимотеј за рускиот свештеник: Ние немаме информации дека бил шпион

Орце Костов

„Работи во Софија, а патува до Скопје за да внесе раскол во МПЦ“: Кој е рускиот свештеник Змеев кој доби забрана за влез во Македонија

Орце Костов

Расчинет свештеник крстел и венчавал со „благослов“ од г.г. Стефан: Венчаните се невенчани, крстените некрстени

Орце Костов

(ВИДЕО) Академик Ќулавкова: Се загрозуваат правата на жената

Горан Наумовски

Г.г Стефан: Собрани сме да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена

(ВИДЕО) Поглаварот Стефан: Жената ја изедначуваат со мажи кои никогаш нема да бидат жени

Горан Наумовски