Адвокатот Василев побара одлагање на “Титаник” поради “Рекет” и оставката на Јанева, судот не дозволи

Од:

Адвокатот Петар Василев кој е бранител на обвинети во случајот “Титаник”, побара одлагање на судењето поради случајот “Рекет” и оставката на Катица Јанева, но судот не дозволи.

“По новонастаната ситуација, сметам дека е доволна причина да се одложи денешното рочиште. Нема никаква намера за одолговлекување. Чисто како можност за предметот и правдата да се даде да се расчистат некои работи. Алудираме и на оставката од Катица Јанева, адвокатот Петар Василев.

Судијата Шабани, констатираше дека нема законски пречки за да се откаже судењето каде се изведуваат докази.

“Зборуваме за предмети кои се во надлежност на друго обвинителство. Што ќе се докаже и што ќе се случи, ќе видиме. Нема законски пречки за одржување”, рече судијата Осман Шабани.

На судењето дојде и обвинителката Лиле Стефанова од СЈО. Присутни се и сите обвинети, а дел од нив имаат нови бранители поради летните одмори.

На почетокот судијата Осман Шабани соопшти дека тој не добил решение дека Миле Јанакиевски е во куќен притвор. Јанакиевски за разлика од минатиот пат, сега е донесен на судењето.

Последното рочиште за овој предмет не се одржа, а беше закажано за 26.06. Обвиниети се за изборни нерегуларности. На рочиштето се изведуваат докази.

Би можело да ве интересира

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судење „Онкологија“: Несоодветни терапии и хемотерапија во терминална фаза, за одбраната наодот е по европски стандарди

А1он

Сведоштва за пожарот и последиците во „Пулс“, судењето продолжува на 2 февруари

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки