ААПЖ апелира за помош на кучето кое го преживеа куршумот на Попова Шапка

Од:

Асоцијацијата на активисти за права на животните бараат вклучување на сите хумани луѓе за помош за кучето кое на 23 февруари годинава за време на Шарпланинскиот куп беше застрелано во рбетот од еден посетител.

Кучето успеало да се довлечка до една од куќите, барајќи помош, а потоа посетителите го донесоа во Скопје, каде д-р Марин Величковски несебично му ја пружи и се уште му ја пружа целата грижа! Жиле не ги чувствуваше задните нозе.

zile (3)

За овој месец поминавме многу патешествија со цел да го застанеме Жиле на нозе и да го вратиме на Попова Шапка каде што припаѓа, но засега работите се одвиваат потешко отколку што мислевме. Му беа направени рентгенски снимки кои не покажаа дека има оштетувања на рбетот и на карлицата, куршумот кој завршил во бутот му беше отстранет, секојдневно го масираме, го однесовме кај неколку неврохирурзи кои ни дадоа надеж дека Жиле повторно може да прооди!

Со помош на донација од еден хуман професор на Универзитетот во Тетово за Жиле беше нарачана опрема за нозете.

zile (1)

Денеска тој со помош на количка за првпат по еден месец помириса трева! Нам, кои секојдневно сме со Жиле, душата ни се наполни кога го видовме овој борец, кој тежи 50 килограми и има поминато десетици борби со волци на Шапка, како се движи, па макар и со помош на количка, велат од Асцоијацијата.

Од Асоцијата бараат помош од сите хумани луѓе, а бројот на кој може да се обратат и да се вклучат во акцијата за повторно проодување на ова куче е 071 386166.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Изложба на фотографии „ЕЛЕМА 2023“

Ана Ололовска

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска