Поради бирократски прашања заглавено просторното и кадровското екипирање на антикорупциската комисија

Од:

Вицепремиерот Бујар Османи на денешната средба со претставниците од Државната комисија за спречување на корупцијата изрази жалење што и оваа средба е во старите простории на комисијата, иако уште на почетокот на мандатот беше ветено дека комисијата ќе работи во нови простории и со нова опрема.

Тој рече дека ова настанало „веројатно поради грешки во координацијата на институциите“.  Тој информираше дека се договориле многу брзо да се корегира таа слабост, за што побрзо антикорупциската комисија да влезе во новите простории и со нова опрема обезбедена од ИПА средствата.

Одговарајќи на новинарско прашање зошто досега не е одговорено на повиците од ДКСК за потребите за доекипирање, просторно, кадровски и финансиски, Османи појасни дека прашањето со просторот се искомплицирал премногу заради бирократски и законски прашања помеѓу институциите, а тоа одложување влијаело на одложување на реализација на ИПА проектот.

Османи и претседателката на ДКСК Билјана Ивановска разговарале и за улогата на ДКСК за фер и регуларни избори, особено за претстојните кои временски коинцидираат со финалната одлуката на ЕК за почеток на преговори и за тоа што прави Владата за ДКСК да ги има сите услови за работа.

По работната средба, за која Ивановска и Османи изјавија дека била конструктивна, изразија очекување дека првата Национална стратегија за спречување корупција и судир на интереси поднесена минатиот петок во Собранието ќе биде усвоена и тоа ќе претставува добар сигнал до ЕК дека сме подготвиле и сме усвоиле стратегија која ќе почне да се применува.

Според вицепремиерот Османи, ДКСК изминатиот период покажала дека знае како да ги спречи малите девијации во изборниот процес и очекуваме, подвлече, блиска соработка со Владата овој пат да имаме перфектни избори.

„Секоја мала девијација ќе биде под микроскоп и ќе остане во свежата меморија на земјите – членки пред донесување на одлуката. Кога изборите би биле на година или две години временска разлика со самитот на ЕУ, веројатно некои мали работи би се подзаборавиле од крупните. Но, на овој Самит и најситните работи ќе бидат забележани, вреднувани, оценувани при донесување на одлуката за почеток на преговори“, изјави по средбата вицепремиерот Османи.

Ивановска го информирала Османи за плановите за следење на изборната кампања, за финансирањето на политичките партии, но и жалење што сугестиите упатени до работната група за промени на Изборниот законик, се уште не се усвоени.

„Во соработка со меѓународна невладина организација, ДКСК подготвува платформа на која ќе се разменуваат информации односно политичките партии ќе ги доставуваат своите извештаи“, рече претседателката на ДКСК.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Академијата за судии најавува тужба по вчерашната седница на Антикорупциската комисија: Имаше многу процедурални повреди

Александар Тодески

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Пивоваров: Полиграфска проверка на службениците на границите, како мерка за сузбивање на корупцијата

Пријави за Арсовска и за повеќе општини на седницата на ДКСК

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран