31.9 % од Македонците го селектираат отпадот од амбалажа во нивното домаќинство

Од:

61,4 проценти од граѓаните во Скопје го селектираат амбалажниот отпад во своето домаќинство, a 66,9 % од Македонците доброволно би учествувале во некоја еколошка акција организирана од нивната општина, покажува истражувањето спроведено за потребите на компанијата Пакомак.

Во периодот мај – јуни 2013, специјализираната агенција за истражување на пазарот и јавното мислење- Брима Галуп, по налог на компанијата Пакомак, спроведе истражување за да се испита јавното мислење на теми поврзани со екологија, селектирање и рециклирање на амбалажен отпад, како и препознатливост на брендот Пакомак. Истражувањето беше спроведено со помош на различни методи на собирање податоци и даде интересни резултати, а се истражуваа три главни пазарни сегменти – бизнис сектор, население во Македонија и население во Скопје.

Истражувањето спроведено на репрезентативен примерок од 1208 испитаници во сегментот население во Македонија, покажа дека 31.9 % од Македонците на некој начин го селектираат отпадот од амбалажа во нивното домаќинство, а пластика, хартија и стакло се типовите на амбалажа кои Македонците најчесто ги селектираат или сметаат дека треба да се селектираат. Најголем број или 886 од испитаниците како проблем го навелеле фактот што нема посебни контејнери за селектирање на амбалажен отпад во радиус од 100 метри од местото каде што живеат, а најголем број од испитаниците исто така сметаат и дека бројот на контејнерите не е доволен. Интересен податок е тоа што Македонците се расположени за заеднички еколошки активности- близу 70 % или 66,9 % од испитаниците доброволно би учествувале во некоја еколошка акција организирана од нивната општина, како чистење парк, садење дрва, чистење речно корито и слично.

Испитувањето на населението од Скопје покажало дека жителите од главниот град се еколошки совесни – високи 61,4 проценти од граѓаните во Скопје го селектираат амбалажниот отпад во своето домаќинство, речиси двојно повеќе од националниот просек! И скопјани најмногу селектираат пластика и хартија, а би селектирале и стакло како амбалажен отпад кој не сакаатда заврши на депонија туку повторно да се преработи. Интересен е фактот што и жителите на главниот град се расположени за еко-активности- дури 58,5 % од нив би учествувале во доброволна еколошка акција организирана од нивната општина. Жителите на Скопје исто така можат да се пофалат и со познавање на еко-поимите- најголем број од испитаниците (65,2 %) се запознати со значењето на поимот рециклирање, а како најважни причини за рециклирањето ги навеле – почистата околина, помалото загадување, заштедата на ресурси, заработката на пари и заштедата на енергија.

На најголем број од испитаниците и од Скопје и од сегментот Македонија – Пакомак им е прва асоцијација за компанија која се занимава со селекција и преработка на отпад од амбалажи.

„Го инициравме ова истражување со цел подлабоко да се запознаеме со размислувањата и очекувањата на граѓаните, но и компаниите, нивните еколошки навики и нивото на еколошка свест на граѓаните . Драго ни е што истражувањето покажа дека Пакомак е прва асоцијација кога се работи за компанија- колективен постапувач со отпад, како и дека најголем број компании кои се членки на ваква компанија се клиенти на Пакомак. Ние и понатаму ќе продолжиме со нашите разновидни еко- проекти, еколошката едукација во училиштата и градинките, се со цел подигнување на еколошката свест на сите граѓани, особено за потребата од селектирано собирање на амбалажниот отпад и негово рециклирање, бидејќи единствено на тој начин се штедат природните ресурси кои се ограничени и можеме да се надеваме на почиста животна средина и еколошки здрава иднина за сите насˮ- изјави Филип Ивановски, главен извршен директор на Пакомак.

Би можело да ве интересира

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто

Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

Александар Тодески

Засадени 50.000 дрвја во Велешко, за две години 90.000 со акцијата за пошумување „Сончева Гора“

Откриен опасен отпад во близина на скопското село Орман

ЈП Дрисла: Градоначалниците на Кисела Вода и на Аеродром немаат договор со депонијата, каде го фрлале сметот досега?

Орце Костов

Полицијата на отпад најде нецаринети возила со странско потекло