18 години затвор за битолскиот полицаец Енвер Тоска

Од:

Битолскиот полицаец Енвер Тоска осуден на 18 години затворска казна за свирепото убиство на својот сограѓанин 36, годишниот Бекир Алили кај прилепското село Беловодица. Тоска на првото рочиште од судскиот процес против него, во Кривичниот суд во Прилеп го призна убиството и изрази жалење до семејството на Алили.

25-годишниот Енвер Тоска, според обвинението, на 14 септември минатата година го убил Бекир Алили по што го запалил неговото тело за да ги скрие доказите при тоа бил свесен за делото кое го сторил.

Мотивите за убиството остануваат непознати. Досега во медиумите се појавија шпекулации дека станува збор за крвав расплет на должничка криза односно. Наводно сега осудениот Тоска му должел поголема сума на пари на Алили.

Ова е едно од најтешките и најсвирепо извршени кривични дела, убиство од член 123, став 2. Казната за ова кривично дело изнесува минимум 10 години.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Истрагата откри: Гостиварец си го уби својот татко, па се обиде да ги уништи трагите

Убиство во Гостивар, уапсен синот на жртвата

Притвор од 30 дена за синот кој ја уби својата мајка во Росоман

А1он