Убиство во Гостивар, уапсен синот на жртвата

Од:

Полициски службеници од Гостивар рано утринава уапсиле 34-годишен жител на градот поради сомнение за убиство.

Како што информира МВР, станува збор за М.Д. (34), кој е осомничен дека го усмртил својот татко, К.Д. (63). Случајот бил пријавен во 01:30 часот, кога машко лице се јавило во Полициската станица Гостивар и изразило сомнеж дека е извршено убиство на член од неговото семејство.

Полицијата веднаш излегла на местото на настанот, каде во семејната куќа било пронајдено безживотното тело на 63-годишниот маж, со видливи повреди и траги од насилство во пределот на главата.

По извршен увид, поради сомнение дека станува збор за убиство, од слобода бил лишен неговиот син.

Според првичните информации што ги дал осомничениот, неговиот татко починал претходниот ден околу 14:50 часот по пад во купатило, но случајот не бил пријавен во надлежните служби.

За настанот е известен јавен обвинител, а истрагата е во тек. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

До смрт ја претепа двoмесечната ќерка – осуден е на 58 години затвор

А1он

Ќе лежи 22 години во затвор за убиство на сопругата – полицијата го пушти на слобода кога и се закануваше

А1он

Две лица од Турција осомничени за обид за убиство во Скопје, се трага по третиот осомничен

Тројца мажи во Мексико осудени на по 158 години затвор за убиството на тројца сурфери