(ВИДЕО) Се раздвоија во бизнисот, ама… кумот не се дели од премиерот и тие што делат државна помош

Од:

Кумот на премиерот, Горан Паунов, со „силни и одлучни“ аплаузи дојде да го поддржи Ковачевски, кој вчеравечер, во улога на претседател на социјалдемократите, одржа говор на партиската трибина во кочанскиот ресторан за свадби „Амор“.

„Ме плени оваа присутност и тоа што можам да си ги видам партиските другари и другарки и граѓани кои доаѓаат да слушнат која е таа визија за европска Македонија“, им порача Ковачевски на присутните.

Во 50-минутното обраќање претседателот на СДСМ, Ковачевски говореше за предизвиците со кои се справува Владата и донесените тешки одлуки и успешните политики од досегашното владеење. Меѓу другото, Ковачевски говореше и за енергетската криза и потенцијалот на државата во производство на електрична енергија, бизнис во кој работи токму неговиот кум Паунов, кој изминатиот месец беше во фокусот на јавноста за работењето на „Пиксел груп“, во која беа и сосопственици, но и „ЕОЛ Квазар“, компанија за која има и кривична пријава.

„Лидери сме во Европа и регионот во енергетска трансформација и можеме да станеме енергетски зелен центар на Европа. Тоа е мојата енергетска визија, да бидеме европски шампиони за производство на енергија од нашето македонско сонце“, рече Ковачевски.

По завршувањето на трибината, поголемиот дел од гостите заминаа, но не сите. Паунов беше нераздвоен од потпретседателите на СДСМ, Сања Лукаревска и Фатмир Битиќи, со кои се симна во кафе-барот во рамки на ресторанот. Подоцна им се приклучи и Ковачевски, кој седна на иста маса со кумот и сопартијците.

Покрај работењето на неговите две фирми, „Пиксел груп“ и „ЕОЛ Квазар“, Паунов летово регистрираше и нова компанија „АЕ Солар АД Тетово“ во тетовската индустриска зона. Во однос на потенцијалните даночни ослободувања одлучува УЈП, каде прв човек е Лукаревска, а доколку компанијата побара државна помош, на седница на Влада ќе одлучуваат Битиќи и Ковачевски.

Ковачевски претходно во неколку наврати негираше поврзаност со „Пиксел груп“, потенцирајќи дека тој повеќе не е дел од сопственичката структура на компанијата и дека се повлекол од неа откако станал заменик-министер за финансии. За добиената државна помош на компанијата откако Ковачевски е функционер, Антикорупциска не утврди судир на интереси, но институцијата сепак истражува дали „Пиксел груп“ имала некаква повластена позиција во добивањето на државните пари.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Не е исклучена предизборна коалиција на СДСМ со ДУИ и останатите албански партии

Орце Костов

(ВИДЕО) Арсовска до Премиерот: Гледај си ги твоите проекти, кој ќе ти ги одземе тебе ингеренциите?!

Анита Петровска Рајковиќ

Ковачевски утре ќе ја предводи владината делегација на првата меѓувладина конференција во Брисел

Ковачевски – Фон дер Лајен: Време е за мудри одлуки, македонскиот јазик и идентитет во ЕУ се заштитени

Ковачевски: Малку кој веруваше дека ќе имаме просечната плата над 500 евра

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски застана во одбрана на примитивизмот на Џафери

Катерина Ѓуровски