Значително зголемени странските инвестиции во Хрватска

Од:

Според прелиминарните податоци на Хрватската народна банка (ХНБ), директните странски вложувања во Хрватска во 2014 година изнесувале 2,9 милијарди евра, односно четири пати повеќе отколку во 2013 година.

Вложениот износ се изедначува со инвестициите пред почетокот на рецесијата во таа земја, пишува „Вечерњи лист“.

Според извештајот на Агенцијата за инвестиции, во прилог на значајното зголемување странски вложувања зборува и податокот за повеќе од 150 големи инвестициски проекти кои активно ги следи Агенцијата, а кои се во различни фази на реализација.

Вкупната проценета вредност на тие проекти е околу седум милијарди евра, а по завршувањето на инвестициите ќе резултираат со отворање на повеќе од 18 илјади нови работни места.

Најмногу инвестиции се однесуваат на индустриското производство и туризмот, кои претставуваат 60 отсто од инвестициите.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами