Земјава да стане стартап хаб на Балканот, е пораката од првиот национален Стартап самит

Од:

Иновативните идеи го движат светот напред, а јас сум убеден дека сите заедно ќе направиме уште поуспешен деловен амбиент со посветена трансформација на македонскиот стартап еко систем. Заеднички да придонесеме земјава да стане стартап хаб на Балканот зашто веруваме дека тоа е вовед во четвртата индустријализација кон која се стремиме, порача премиерот Зоран Заев, отворајќи го првиот национален старт-ап самит што се одржува во Скопје под мотото „Заеднички влијаеме“.

Заев упати силна поддршка за иновативните идеи на македонската стартап заедница и нејзината голема улога во економскиот раст на локално и национално ниво. Воедно им упати честитки на сите претприемачи кои, како што рече, и во услови на пандемија не застануваат, туку ги дигитализираат процесите и имплементираат најсоверемени алатки за развој на бизнисите.

-Продолжуавме уште позасилено да ги мотивираме стартап компаниите да се развиваат, да освојуваат нови пазари, интернационално да се поврзуваат, да креираат висока додадена вредност и да прераснат во национални брендови. Вашите успешни иновативни приказни се мотив за сите што размислуваат дали да ја преточат својата идеја во бизнис, истакна Заев.

Премиерот потсети дека само во последните три години преку ФИТР се поддржани 559 компании со кофинансирани проекти и над 76 милиони евра инвестциии што е неспоредливо, потенцира, со периодот пред 2017 година кога беа поддржани само околу 30 компании.

-Имаме многу потенцијал, паметни млади луѓе кои треба да се поддржат, да бидат свои газди и да придонесат за развој на бизнис заедницата и економијата. Претприемачи, сметајте на поддршка од вашата Влада, подвлече Заев и изрази надеж дека од Самитот ќе произлезат квалитетни заклучоци.

Пред присутните се обратија и вицепремиерот за економски прашања фатмир Битиќи, како и директорот на Фондот за иновации и технолошки разво, Коста Петров.

Би можело да ве интересира

Јанушев: Обвинителството да отвори истрага за грантовите од ФИТР на Дрин Ахмети, од шест милиони по огласот, тој добил пет

ФИТР со реакција: Внукот на Ахмети барал повеќе пари за иновации ама му одобриле само 82.000 евра

А1он

Фондот за иновации потрошил еден милион евра за хонорарци и експерти кои не поминале интервју, открија ревизорите

Орце Костов

МАСИТ: Цоневски со волонтерски ангажман во Комисијата, не подлежи на поднесување анкетен лист

Катерина Ѓуровски

Саша Максимовски ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФИТР: Почнува проектот за дигитализација на повеќе од пет милиони оргинални записи на Институтот „Крсте Мисирков“

Ана Ололовска