Земан повика на поскора примена на еврото во Чешка

Од:

Чешкиот претседател Милош Земан денеска по средбата со германскиот претседател Јоаким Гаук во Прага, повторно повика неговата земја да го усвои еврото и заедно со Германија „да се префрли во силното јадро на европската интеграција”, јави дописникот на МИА од чешкиот главен град.

Според Земан, Чешка конечно треба да се ослободи од претходните карактеристики на правење проблеми и да ја прифати одговорноста за посилна федерализација на ЕУ.

Гаук ги поздрави проевропските ставови на чешката влада и потсети дека неговата посета симболично се одвива токму на годишнината од Прашкото востание против нацистичкиот режим.

– Чест ми е што мојот чешки колега ќе ме придружува во моите чекори и дека нема да ги избегнуваме темните страни од нашата историја, рече Гаук кој според предвидената програма ќе го посети спомен-обележјето на нацистичкиот транзитен логор Терезин.

Токму утре е денот кога пред 69 години Терезин бил напуштен од последниот нацистички војник. Низ најголемиот нацистички логор на територијата на Чешка поминале 155.000 луѓе од кои 35 илјади таму ги загубиле животите, а многу од нив биле префрлени во други логори. Двајцата претседатели взаемно си доделија државни ордени за заслуги.

Би можело да ве интересира

Доларот зајакна во однос на еврото

Бесљими: Ние сме за преоден рок, нема да има казна за користење динари

ЕУ бара разјаснување и ги анализира мотивите на Косово за прогласување на еврото како единствена валута

А1он

Косово го воведе еврото како единствена валута

Анита Петровска Рајковиќ

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски