Законот за работни односи презентиран пред компаниите од Тетово

Од:

Стопанска комора на северо-западна Македонија преку проектот УСАИД – Партнерството за подобра бизнис регулатива, денеска во Тетово на информативен настан ги презентираше постоечките прописи и законски барања кои влијиаат на малите и средните претпријатија (МСП), во врска со правата и обврските што произлегуваат од овој закон.

Целта на овие средби е да се соберат информации, кои ги вклучуваат прашањата со кои се справуваат средните и малите претпријатија. Добиените податоци ќе бидат користени во развојот на проектните активности за подобрување на јавно-приватниот дијалог во текот за времетраење на проектот.

Проектот е финансиран од страна на Владата на САД, со цел да се поддржи економскиот раст преку ублажување на притисокот врз малите и средни претпријатија нанесен од честата промена на законската регулатива.

Би можело да ве интересира

Тошковски потврди дека советник назначен од него бил отстранет од Тетово – бара Внатрешна контрола да утврди зошто

Анита Петровска Рајковиќ

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Запалени две диви депонии во тетовско

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени

Синдикатот бара повеќе кадар во Клиничка болница Тетово, недостигаат 400 вработени

Орце Костов

Според тетовската полиција, кучето кое со страотни крици падна од зграда,никој не го турнал

Катерина Ѓуровски