Заев на средба со претставници на ЕБОР: Ќе ја интензивираме соработката со ЕБОР

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев придружуван од неговите советници за економија и финансии денеска се сретна со Анка Јоана Јоанеску, директорка на канцеларијата на Европската Банка за обнова и развој (ЕБОР) за Македонија и Косово и Френклин Стивс, виш советник во рамки на Иницијативата за инвестициска клима и добро унправување (ICGI) што ја спроведува Европската банка за обнова и развој.

На средбата се разменија мислења за новите позитивни трендови по кои економијата во Република Македонија се стабилизира, за идните очекувања на економски план како и за области на соработка во кои Европската банка за обнова и развој може да придонесе со своја помош и поддршка преку проектите што ги спроведува во земјите од Западен Балкан.

Претставниците на Европската банка за обнова и развој ги презентираа можностите за соработка со Владата на Република Македонија во рамки на Иницијативата за инвестициска клима и добро управување којашто се однесува на неколку важни аспекти како што се промоција на дијалог помеѓу јавниот и приватниот сектор, проекти за зголемување на конкурентноста, проекти кои се однесуваат на инспекцискиот надзор и контрола.

Во однос на реформската агенда што Владата на Република Македонија ја спроведува претставниците на ЕБОР изразија силна поддршка за реализација на реформските процеси. На состанокот се разговараше и за реформата во јавната администрација, за зајакнување на капацитетите на општините, за степенот на реализација на капитални инвестиции и нивното значење за забрзување на економскиот раст како и за мерките на поддршка од Планот за економски раст за кои се очекува да донесат нови инвестиции и раст на продуктивноста и конкурентноста.

„Реформската агенда и поголема реализација на капитални инвестиции се врвни приоритети на Владата на Република Македонија за оваа 2018 година. Ќе ги разгледаме сите можни аспекти и ќе ја интензивираме соработката со ЕБОР во насока на реализација на овие цели“ рече премиерот Заев на средбата со претставниците на ЕБОР.

Би можело да ве интересира

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

ЕУ најави пакет од 560 милиони евра за третата фаза од источниот дел на железничката мрежа на Коридорот 8

ЕБОР и Светска банка го поддржаа планот од четири милијарди евра за премин од јаглен на обновлива енергија

Орце Костов

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фатих Туркменоглу нов претставник на ЕБОР во Северна Македонија

ЕБОР: Македонската економија годинава со раст од два отсто