Фатих Туркменоглу нов претставник на ЕБОР во Северна Македонија

Од:

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го назначи Фатих Туркменоглу за нов претставник во Северна Македонија. Тој ќе ја преземе должноста утре, на 1 ноември.

Како што информира ЕБОР, Туркменоглу е со турска националност и на Банката и се приклучи во 2012 година како главен банкар во тимот за општинска и еколошка инфраструктура, во Истанбул, Турција. Во 2018 година е унапреден во помошник директор, постар банкар. Следната година е назаначен за Претставник на Резидентната канцеларија во Туркменистан, каде воглавно работел на проекти од приватниот сектор.

Тој е искусен меѓународен банкарски професионалец, со богато искуство во инфраструктурно и комерцијално банкарство. Во неговата кариера, специјализирал во имплементација на проекти, меѓугранично финансирање, правни рамки и односи со донаторите. Пред да се приклучи на ЕБОР во 2012 година, има работно искуство во јавниот сектор и комерцијалното банкарство.

Според ЕБОР, Туркменоглу планира дека ЕБОР во Северна Македонија ќе инвестира 180 милиони евра во 2023 година.

-Се радувам на соработката со властите и приватниот сектор, во овој возбудлив период на ЕБОР во Северна Македонија. Посветени сме на поддршката на зелената транзиција на земјата, преку иновативни финансиски производи и со извонредни одржливи проекти кои следат, изјави Туркменоглу.

Образованието на Туркменоглу е во областа на економија и финансии од универзитетите во Турција и Велика Британија. На неговата нова позиција доаѓа после Анди Аранитаси, кој сега работи како Претставник на ЕБОР за Узбекистан.

ЕБОР почна да инвестира во Северна Македонија во 1993 година и до сега има инвестирано над 2,6 милијарди евра во 180 проекти, од кои скоро половина се во приватниот сектор. Приоритет на Банката е да ја поддржи земјата во конкурентност, зелена транзиција и натамошна интеграција во регионалните и глобалните пазари.

Би можело да ве интересира

ЕУ најави пакет од 560 милиони евра за третата фаза од источниот дел на железничката мрежа на Коридорот 8

ЕБОР и Светска банка го поддржаа планот од четири милијарди евра за премин од јаглен на обновлива енергија

Орце Костов

ЕБОР: Македонската економија годинава со раст од два отсто

ЕБОР: Македонската економија годинава со раст од два отсто, а следната три проценти

СДСМ: Заради ВМРО-ДПМНЕ државата загуби 100 милиони евра од ЕБОР

Катерина Ѓуровски

Потпишани договорите со ЕБОР за финансирање на изградбата на автопатот Скопје-Блаце и фотонапонските електрани Осломеј 2 и Битола

Ана Ололовска