ЕБОР: Македонската економија годинава со раст од два отсто

Од:

Северна Македонија годинава ќе забележи раст на Бруто домашниот производ (БДП) од 2 отсто, а во 2024 од 3 проценти, прогнозира Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) во најновиот извештај за состојбата на економиите во регионот што го покрива.

– Растот на БДП веројатно ќе остане скромен во 2023 година од околу 2 отсто, пред да се зголеми на 3 отсто во 2024 година, поради очекуваното глобално економско закрепнување. И покрај натамошното зголемување на минималните плати од април 2023 година, зголемувањето на пензиите и ограничувањата на цените на некои основни производи, побарувачката на домаќинствата ќе остане пригушена во 2023 година, бидејќи високите нивоа на инфлација ги намалуваат реалните приходи. Економското забавување на главните трговски партнери ќе се одрази на извозот, додека зголемената неизвесност и заострените услови за финансирање може да влијаат на довербата на инвеститорите, се наведува во извештајот на ЕБОР за земјава.

ЕБОР очекува економскиот раст во регионот на Западен Балкан да забави до 2 отсто во 2023 година, а наредната да достигне до 3,4 проценти.

Од земјите во регионот, најголем економски раст годинава ќе имаат Црна Гора и Косово од 3,5 проценти, Албанија и Хрватска 2,5 проценти, Грција 2,4 проценти, Србија 1,8 проценти, Бугарија 1,6 проценти, а најмал Босна и Херцеговина од 1,5 проценти.

Би можело да ве интересира

ЕУ најави пакет од 560 милиони евра за третата фаза од источниот дел на железничката мрежа на Коридорот 8

ЕБОР и Светска банка го поддржаа планот од четири милијарди евра за премин од јаглен на обновлива енергија

Орце Костов

Фатих Туркменоглу нов претставник на ЕБОР во Северна Македонија

ЕБОР: Македонската економија годинава со раст од два отсто, а следната три проценти

СДСМ: Заради ВМРО-ДПМНЕ државата загуби 100 милиони евра од ЕБОР

Катерина Ѓуровски

Потпишани договорите со ЕБОР за финансирање на изградбата на автопатот Скопје-Блаце и фотонапонските електрани Осломеј 2 и Битола

Ана Ололовска