Заев: „Мој ДДВ“ ја користат 65.000 граѓани

Од:

До денеска се пријавиле 65.000 граѓани за поврат на ДДВ, а наредната недела се очекува оваа бројка да достигне и до 100.000 граѓани, кои ќе ја користат апликацијата „Мој ДДВ“, објави денеска од Штип премиерот Зоран Заев.

Очекува деновиве апликацијата да почнат ја користат и оние граѓани кои имаат мобилни телефони Ајфон. Граѓаните досега имаат прокнижено сметки во износ од 120.000 евра или тоа се околу 7,5 милиони евра поврат на ДДВ.

-Според нас, според очекувањата е подобро од тоа што очекуваме. Граѓаните ќе одиграт значајна функција во делот на отклонување на сивата економија при неплаќањето на данокот на додадена вредност, од страна на компаниите, заради тоа што не издавале фискални сметки. Квалитетни пари ќе дојдат од граѓаните и тоа околу 50 милиони евра, рече Заев.

На бизнис секторот му порача дека неплаќањето на данокот е кривично дело, а освен граѓаните коишто со Мој ДДВ ќе бараат фискални сметки, во текот на овој период на терен ќе бидат и инспекторите. Целта им е, рече, да ја отстранат сивата економија на елегантен начин.

-Овие месеци пред нас ќе влеземе со уште неколку мерки поврзани со сивата економија, коишто ќе носат огромен бенефит за работниците и пензионерите. Сите ќе учествуваат во едни такви проекти, рече Заев.

Тој денеска заедно со директорката на УЈП, Соња Лукаревска и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски во централниот дел на Штип посетија и неколку трговски дуќани, а имаа и средба со граѓаните токму за оваа нова мерка, којашто ја воведуваат.

Прашан како ќе се реашава проблемот со водостопанските претпријатија, коишто поради бирократија и низа проблеми остават поголем дел од земјоделските површини непокриени со вода за наводнување, Заев одговори дека во наредниот период следува подобра организација во оваа претпријатие.

-Оваа година се виодоа слабости овде во штипскиот регион, во Тиквешијата се видоа вакви слабости и верувам дека се поука за нивно отстранување. Еден дел е и зсатарениот модалитет на функционирање на АД Водостопанство, плива во долгови. Струмичка фирма не знам која од 2014 година во постапка сега го блокира за 13 до 14 милиони денари и тоа не е способно да ја плати струјата за Валандовско-богданскиот регион да го пушти системот за наводнување, рече Заев. Инаку во тек е реконструкција на системите за наводнување и изградба на нови акумулации со средства од 60 милиони евра.

Премиерот Заев очекува и со изградбата на инфраструктурата, но и со новите мерки за младите и за вработување ќе се намалува иселувањето од селата и градовите. Очекува Пописот, кој ќе се реализира во април 2020 година да ги даде и реалните бројки за населението во земјава, по што ќе се прават анализи, но и како што рече, ќе продолжат со политиките за мотивација на населението да остане во земјава, но и да се зголеми наталитетот.

Би можело да ве интересира

УЈП во лов на фирмите поврзани со „Рекет“, контроли на фирми во Струга и во Битола

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Инспектори на УЈП му врачија налог за контрола на Меѓународен сојуз на Боки 13

Габриела Димковиќ-Мишевска

УЈП ги почнува контролите на физичките и правните лица поврзани со „Рекет“

Ана Ололовска

Намалено ДДВ-то на одредени лекови и на топлинската енергија

Преку Мој ДДВ скенирани девет милиони фискални сметки

Фирмите добија 236,4 милиони евра поврат на ДДВ во првите седум месеци