За да не им ги земат извршители, граѓаните со блокирани сметки до петок треба да ја подигнат помошта од 6.000 денари

Од:

Граѓаните со блокирани сметки кои добиле државна помош од 6.000 денари, до петок треба да ги ажурираат податоците во банките и да си ги подигнат парите. За нив банките отвораат посебни, наменски сметки.

„Лицата со блокирани сметки ќе можат да ја подигнат финансиската помош преку која било експозитура од филијалите на банката најдоцна до петок,25.12.2020 година. Во спротивно нема да можат да ги користат. Банката не ги ослободува овие средства од активни или идни блокади по 25.12.2020 година“, стои во известувањата од банките.

Корисниците кои немаат сметки, а добиле парична помош, пак, треба да одат во која било филијала на банките и со важечка лична карта да отворат трансакциски сметки, најдоцна до утре, четврток 24.12.2020.

Податоците во банките треба да ги ажурираат и сите останати граѓани кои добиле парична помош за справување со последиците од пандемијата, најдоцна до утре. Од банките предупредуваат дека средствата може да ги искористат само клиентите кои ги ажурирале податоците.

Со четвртиот сет мерки за справување со последиците од коронавирусот помош од 6.000 денари ќе добијат 283.000 граѓани за што Владата одвои 27,3 милиони евра кои до крајот на неделава треба да им бидат исплатени на сите корисници.

Би можело да ве интересира

Владата го утврди текстот на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

A1on

Околу 300 илјади Австријци ќе добијат 500 евра парична помош од државата

А1он

Еднократна финансиска помош добиваат ноќните клубови, рестораните за свадби и туристичките агенции

Хрватска: Малите стопанственици ја тужат државата поради епидемиолошките мерки

Жарко Настоски

Костадинов: 10 милиони евра за бескаматни кредити од линијата Ковид 4, поддршката за економијата продолжува