Вработените во „Мајкрософт“ ќе добијат можност трајно да работат од дома

Од:

„Мајкрософт“ одлучи да им дозволи на своите вработени да работат трајно од дома, но оние кои ќе се одлучат да го сторат тоа ќе мора да се откажат од работниот простор во просториите на американскиот гигант, објави денеска високо-технолошката новинска страница „Тhe Verge“.

Интернет-гигантот има околу 163.000 вработени, од кои 96.000 во САД.

Додека огромното мнозинство на работници во „Мајкрософт“ се дома поради пандемијата, производителот на софтвер ги откри упатствата за „хибридното работно место“ за да овозможи поголема флексибилност кога ќе се отворат канцелариите во САД, објаснува „The Verge“.

„Мајкрософт ќе им овозможи на вработените да работат од дома помалку од 50 проценти од работната недела, а на менаџерите да работат од далечина трајно“, пишува The Verge.

Мајкрософт го прифати тој систем замислен во високотехнолошки сектор, како што Фејсбук овозможува постојана работа од дома. Сепак, вработените во „Мајкософт“ ќе мора да се откажат од работните места, но ќе можат да ги користат просторите за контакт во канцелариите на компанијата.

„Пандемијата не принуди да размислуваме, да живееме и да работиме на нов начин“, забележа Кетлин Хоган, извршен директор во „Мајкрософт“.

„Но, некои работни места нема да може да се вршат далечински цело време, како што се оние што бараат пристап до лабораторија за истражување на софтвер, центри за податоци или обука на персоналот“, додаде таа.

Канцелариите на Мајкрософт нема да бидат отворени до јануари 2021 година.

Шефот на Фејсбук, Марк Цукерберг изјави дека половина од работниците на социјалната мрежа можат да работат трајно од дома во следните пет до десет години. з

Би можело да ве интересира

Мајкрософт ќе укине 10.000 работни места како дел од подготовките за рецесија

Ана Ололовска

Мајкрософт планира да отпушти илјада вработени

А1он

Гугл прекинува со рекламите во Русија, Мајксрофот со услугите и производите

А1он

Мајкрософт купува компанија за игри за речиси 70 милијарди долари

А1он

Мајкрософт го затвори Линкедин во Кина

Катерина Ѓуровски

Гугл, Фејсбук и Мајкрософт трошат најмногу за лобирање за политиките на ЕУ за дигитална економија

А1он