Вработените во „ЕМО“ повторно излегоа низ охридските улици

Од:

Вработените од некогашниот охридски гигант „ЕМО“ денеска повторно излегоа низ улиците на Охрид. Тие повторно побараа решавање на нивниот статус и исплата на заостанатите плати и придонеси.

Тие истакнаа дека состојбата со фирмата се уште не се променила и покрај тоа што остварија неколку средби.

Слушате по медиумите, се даваат изјави дека 80 отсто од ЕМО работи, но како би работела некоја институција или фирма ако шест-седум месеци наназад нема струја. Нема ниту греење, ниту пак е обезбедена работа. Чиста дезинформација е дека ЕМО работи – рече Миле Крстаноски, претседател на синдикалната организација.

„ЕМО-вци“ истакнаа дека оствариле средба и со премиерот Никола Груевски но не добиле некое ветување за разрешница на состојбата со претпријатието.

Премиерот најверојатно сакаше од прва рака да ги слушне информациите за ЕМО. Ние го кажавме она што досега го кажуваме дека во ЕМО владее тотален хаос, дека нема работа, нема струја, нема греење, нема ниту превоз, но како што гледате и од денешните пароли, има 40 маченички плати и придонеси кои не се исплатени. На вработените. Не им е обезбедено ниту здравствено осигурување, а знаете како ја поминавме зимата со студовите – рече Крстаноски на денешниот мирен протест.

Работниците на „ЕМО“ од Охрид не ги добиле ниту ветувањата од Локалната самоуправа. Тие посочија дека најавите од страна на градоначалникот Никола Бакрачески останале само празни ветувања.

Во јануари до градоначалникот Никола Бакрачески доставивме список со приоритетни работници на кои треба да им се помогне. Тоа беше произлезено од средбата со него во декември минатата година. Најавата од негова страна, јавните претпријатија да не преземаат никакви активности за да се оттужуваат сметки и да се пресметуваат камати, не се оствари иако вторпат се обративме со барање да седнеме со директорите на јавните претпријатија за да им помогнеме на нашите вработени кои не се социјални случаи, туку подалеку од тоа – додаде Миле Крстаноски, претседател на синдикалната организација.

Вработените најавуваат дека секој понеделник ќе излегуваат на мирни протести низ улиците на Охрид се додека не се остварат нивните барања.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он

Првомајскиот протест ќе биде со барања упатени до новата влада

А1он

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов