Во октомври просечната камата на кредитите 5,05 проценти, на депозитите 1,28

Од:

Во октомври годинава продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити и таа се сведе на ниво од 5,05 проценти, додека просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 1,28 проценти, покажуваат податоците на Народната банка.

Во споредба со минатиот месец, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата во октомври е намалена за 0,03 процентни проени и изнесува 5,78 проценти. Месечното намалување произлегува од падот кај сите каматни стапки. Во однос на октомври 2018 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити на домаќинствата е пониска за 0,37 процентни поени.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на домаќинствата изнесува 1,25 проценти и овој месец се намали за 0,07 процентни поени. Притоа, овој пад е под влијание на намалувањето на каматните стапки кај денарските депозити без валутна клаузула и депозитите во странска валута во услови на непроменета каматна стапка кај денарските депозити со валутна клаузула. Споредено на годишна основа, просечната каматна стапка на вкупните депозити на домаќинствата е пониска за 0,14 процентни поени.

Би можело да ве интересира

Годишен раст од 5,1 отсто на вкупната кредитна поддршка, од 8,7 отсто на вкупните депозити

Кредитите кај нас нема наскоро да поевтинат: Има само тренд на привремено стабилизирање на поскапувања, сметаат од НБРМ

Орце Костов

Во септември годишен раст од 8,9% на вкупните депозити и 5,8% на кредитите

Tigo Multi – Осигурете си финансиска сигурност со -50% попуст на каматата!

Предраг Петровиќ

Народна банка: Просечните камати на депозитите во јули 1,50%, на кредитите 5,49%

Орце Костов

Фирмите ги зголемиле заштедите во банка, граѓаните користеле повеќе кредити: НБРМ го објави монетарниот извештај

Орце Костов