Фирмите ги зголемиле заштедите во банка, граѓаните користеле повеќе кредити: НБРМ го објави монетарниот извештај

Од:

Пласманот на кредитите на годишна основа е зголемен за 5,8 проценти, информираат од Народна банка на Република Северна Македонија.

Во јули 2023 година, кај паричната маса забележан е месечен раст од 0,2% којшто е резултат на зголемувањето на краткорочните депозити и готовите пари во оптек, во услови на пад на долгорочните депозити до две години и депозитните пари. На годишна основа, паричната маса оствари раст од 8,6% во најголем дел поради повисоките депозитни пари, при дополнителен позитивен придонес и на краткорочните депозити, долгорочните депозити до две години и готовите пари во оптек- стои во соопштението.

Во јули, вкупните депозити се зголемени за 0,5% на месечна основа, поради растот на депозитите кај двата сектора, којшто е поизразен кај корпоративниот сектор. Годишниот раст на вкупните депозити од 11,1% се објаснува со зголемувањето на депозитите на двата сектора, со малку поизразен придонес на секторот „домаќинства“.

‒ Во јули, вкупните кредити забележаа месечно намалување од 0,2%, коешто во целост произлегува од намаленото кредитирање на корпоративниот сектор. Анализирано на годишна основа, растот изнесува 5,8% под влијание на растот на кредитирањето кај двата сектора, со поголем придонес на сектор „домаќинства“.

‒ Вкупните депозити на корпоративниот сектор, во јули, се зголемија за 1,0% на месечна основа како резултат на растот на краткорочните депозити во денари и во странска валута, а во помал дел и на долгорочните депозити во денари, во услови на забележан пад на долгорочните депозити во странска валута и депозитните пари. Во однос на истиот месец минатата година, депозитите на корпоративниот сектор се повисоки за 18,9%, поради растот на сите компоненти, со најголем придонес на депозитните пари и вкупните краткорочни депозити.

„Овој месец, кај кредитите на корпоративниот сектор е забележано месечно намалување од 0,9% под влијание на падот на кредитите во денари и во странска валута, со поизразен придонес на кредитите во странска валута. Годишниот раст изнесува 5,0% и се должи на зголемените кредити во денари и во странска валута, со поголем придонес кон растот на кредитите во странска валута“, пишува во соопштението на НБРМ.

Во јули, депозитите на домаќинствата бележат месечен раст од 0,1%. Минималната позитивна промена се должи на зголемените долгорочни депозити во странска валута и во денари, во услови на забележан пад кај останатите компоненти. Анализирано на годишно ниво, овие депозити се повисоки за 8,4% под влијание на растот на депозитните пари и вкупните долгорочни депозити, при остварен пад на краткорочните депозити.

Во јули, кредитите на домаќинствата се повисоки за 0,4% во однос на претходниот месец, во поголем дел поради зголеменото кредитирање во денари, при позитивен придонес и на кредитите во странска валута. Во споредба со јули 2022 година, кредитите на домаќинствата забележаа раст за 6,4%, којшто во услови на раст на кредитите во денари и во странска валута, во поголем дел се должи на растот на кредитите во странска валута.

Во јули, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, бележат месечен раст од 0,5%, соодветно, при годишен раст од 6,2% и 11,0%, соодветно. Автомобилските кредити, во јули, се зголемени за 3,9% и 14,8%, соодветно на месечна и годишна основа, додека кредитите одобрени на кредитни картички остварија месечен и годишен пад од 0,2% и 1,6%, соодветно. Овој месец, негативните салда на тековните сметки и кредитите одобрени врз други основи забележаа месечно намалување од 1,5% и 0,6%, соодветно, како и годишен пад од 2,8% и 17,5%, соодветно.

Би можело да ве интересира

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата во март 5,4 проценти

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

(ВИДЕО) „Срамота е, на онкологија нема доктори, а овие млади чекаат работа“: Поддршка од граѓани за специјализантите

Орце Костов

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

Надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра во последните три месеци од 2023 година

Орце Костов