Во март намален трговскиот дефицит на Естонија

Од:

Трговскиот дефицит на Естонија се намали во март по солидните добивки и во извозот и во увозот, покажаат податоците објавени денеска од државната статистичка служба.

Трговскиот дефицит се намали на 191 милион евра во март од 298 милиони евра во февруари. Во истиот месец лани трговскиот дефицит изнесуваше 188 милиони евра, јави ДПА.

Извозот се зголеми за 35,0 отсто на годишно ниво во март, по растот од 19 проценти во февруари. Увозот порасна за 31 отсто на годишно ниво во март, по растот од 35 проценти во претходниот месец.

Главни извозни партнери на Естонија се Финска, Летонија и Шведска, а увозни се Финска, Литванија и Германија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Естонија може да испрати војници во мировна мисија во Украина

Поради доаѓањето на Лавров, Естонија, Летонија и Литванија го откажаа учеството на Самитот во Скопјхе

A1on

Ријвас: Ако Северна Македонија ги исполни условите не треба да има никакви субејктивни пречки за влез во ЕУ

Протоколот за НАТО утре пред естонските пратеници

Иванов прими акредитиви на неколку новонаименувани амбасадори

Наум Локоски

Димовски ги прими копиите од акредитивните писма на новите амбасадори на Естонија, Гана, Уганда и на Малта

Наум Локоски