Ријвас: Ако Северна Македонија ги исполни условите не треба да има никакви субејктивни пречки за влез во ЕУ

Од:

Естонија е членка на НАТО 15 ипол години и ние знаме од прва рака дека тоа е наjсилната Алијанса во светот и да ја имаме Македонија е многу важно дополнување во НАТО. Јас се надевам дека многу скоро ќе го славиме и прогресот на земјата кон Европската Унија. Мислам дека е многу јасно дека ако земјата ги исполнила сите критериуми не треба да има никави субјективни пречки за да влезе во европското семејство, нагласи денеска поранешниот премиер на Естонија, Таави Ријвас.

Тој на меѓународна конференција за иновациите во областа на безбедноста, во рамките на пристапувањето на Македонија во НАТО „Innovative Europe, Security Hackathon“, посочи дека на настанот не се зборува само општо за безбедноста, туку и за хибридните закани и порача дека ако станеме многу дигитални како нација треба многу да инвестираме во сајбер-безбедноста.

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски истакна дека нашата цел не е само зачленување во НАТО туку и оспособување за справување со безбедносните ризици.

– Вистина ќе решиме едно безбедносно прашање со нашето членство во НАТО, меѓутоа не смееме како држава тука да застанеме и со тоа да бидеме задоволни, бидејќи безбедносните ризици се секој ден. Ние како држава треба да бидеме проактивни, да ги согледуваме проблемите, можните ризици кои ќе следат и да даваме соодветни решенија, посочи Милевски.

Би можело да ве интересира

Финска ќе распоредува нуклеарно оружје кон Русија, закана од Москва дека ќе мора да реагира

Предраг Петровиќ

Германија масовно ќе ја бомбардира Русија ако таа нападне членка на НАТО

Путин: Бесмислено е дека ќе го нападнеме НАТО, Русија е подготвена за мир со Украина

Москва: НАТО сака да ја потчини Србија и ги засилува напорите да ја привлече во својата орбита

Бабиш: Чешка нема да ја исполни целта за одбранбени трошоци на НАТО

САД упатија нови критики кон своите сојузници во НАТО