Во идните пет години уште осум милиони луѓе без работа

Од:

Нови лист – Риека

За да се покрие пукнатината настаната на пазарот на трудот во текот на кризата, во идните пет години треба да се отворат 280 милиони нови работни места, прогнозира МОР. Од почетокот на кризата исчезнаа 61 милион работни места.

Глобалните изгледи за вработување ќе се влошат во идните пет години, проценува Меѓународната организација на трудот МОР, во најновиот извештај за трендовите за вработување во светот во 2015 година. Истовремено, МОР укажува дека доходовните нееднаквости се рашириле и го загрозуваат и економското зајакнување и растот на пазарот на трудот.

Во земјите за кои податоците се достапни, како што наведува МОР, најбогатите 10 отсто просечно заработуваат 30 до 40 отсто од вкупниот приход, додека најсиромашните 10 отсто заработуваат околу 2 отсто од вкупниот приход.

Младите се најзагрозени

Во минатата година во светот имаше над 201 милион невработени лица. МОР очекува дека глобалната стапка на невработеност ќе се зголемува и во тековната година, па бројот на невработените ќе порасне за 3 милиони, а во идните четири години на пазарот може да се очекуваат уште 8 милиони луѓе без работа.

За да се покрие пукнатината настаната на пазарот на трудот во текот на кризата, во идните пет години треба да се отворат 280 милиони нови работни места, прогнозира МОР, наведувајќи дека вкупно од почетокот на кризата исчезнаа 61 милион работни места.

Младите, а посебно младите жени и понатаму се исклучително погодени со проблемот на невработеноста. Во светот лани работа барале околу 74 милиони млади луѓе на возраст од 15 до 24 години. Стапката на невработеност кај младите притоа е речиси три пати повисока од стапката на невработеност кај постарите од 24 години.

Високата невработеност кај младите, истакна МОР, е заедничка за сите региони, а земјите кои се соочуваат со висока или брзорастечка невработеност на младите посебно се подложни на изразување на социјално незадоволство.

Дополнителни извори

МОР се осврна и на невработените млади во Европа, како и Гаранцијата за младите, европски проект за поттик на вработување на млади на возраст од 15 до 24 години. Истакнува дека во многу случаи дошло до доцнење во спроведувањето на тој проект, но и дека 3 милијарди евра, предвидени во фондовите за проекти за вработување на младите во тригодишен период, е премал износ.

Тоа се издвојувања, како што истакна МОР, помали од 0,05 отсто од европскиот БДП. Потребни се дополнителни извори за решавање на проблемите на невработеноста на младите во Европа, што според МОР вклучуваат и мерки за поедноставување за привлекување на фондовски средства, како и забрзување на спроведување на тие мерки.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик