ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ уценува и настапува со политички ултиматум

Од:

Зачудени сме и фрапирани што СДСМ неколку дена по ред ги одбива различните позитивни и разумни предлози на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, кој активно е вклучен во изнаоѓањето институционално решение за носење на Буџетот за 2013, изјави денеска на прес-конференција директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

Тоа, според Димовски, за владејачката партија е потврда дека СДСМ има намера да уценува и да спроведува политичко насилство, како и да настапува со политички ултиматуми. Тие ги одбиваат неговите предлози уште нестанати од маса на координациите што за ВМРО-ДПМНЕ говори дека немат намера да постигнат разумен прогрес во откочувањето на Буџетот, туку според Димовски, да внесат хаос како обидот да го направат тоа во Собранието и во државата.

– Уште еднаш апелираме до нив без разлика на целата нервоза што постои во Собранието, на целиот револт што постои низ улиците, да се вразумат и да не дозволат скапата цена, економска, финансиска и социјална да ја платат граѓаните на Република Македонија, рече Димовски.

Во однос на обвинувањата од страна на координаторот на пратеничката група на СДСМ Игор Ивановски дека со предлогот на спикерот Вељаноски се прави обид за правење на политички пуч, Димовски возвраќа дека  зборот „пуч во Република Македонија постои единствено во главата на Бранко Црвенковски и на неговите неколку безпоговорни поддржувачи“.

– Тоа што во моментов се случува во Собранието на Република Македонија наличува заради тоа што СДСМ секогаш кога доаѓа на власт доаѓа со креирање на проблеми. Тоа не е пуч. Предлогот на Вељаноски е конструтивен и разумен начин како да се прекинат непотребните долги, нервозни и на моменти агресивни дебати во Собранието на Република Македонија, како да се пронајдат оние сегменти кои што се прифатливи за Владата, а се по предлог на која било од партиите во опозицијата и конечно да се откочи донесувањето на Буџетот. Ако намерата на Вељаноски да се откочи донесувањето на Буџет за СДСМ е толку проблематична за да ја нарекуваат со погрдни зборови тогаш очигледно е дека СДСМ воопшто нема намера да го откочи донесувањто на Буџетот, изјави Димовски.

Димовски истакна дека СДСМ во уцена ја ставаат и економската и финансиската стабилност на секое семејство, дека веќе шест дена се дебатира само за еден амандман и оти со ова темпо државата ќе нема буџет во наредните 14 години. Целта е, според Димовски, да нема избори зашто само така СДСМ се надева да се спаси од очигледниот изборен пораз што им следува и само така Бранко Црвенковски ќе си ја зачува својата лидерска функција.

– Единствено со сопирање, со рушење и со кршење на сите позитивни мерки што ВМРО-ДПМНЕ ги прави во овие години СДСМ се надева дека може да го израмни впечатокот за себе пред јавноста, рече директорот на Центарот за комуниакции на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Почна средбата на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за новата влада

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада

ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за здравство крахираше и во случајот Токсикологија

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ