ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада

Од:

Работни групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Вреди денеска ќе ги продолжат разговорите за состав на нова влада. Оттаму ја потврдуваат средбата, но нема официјална информација за што ќе се разговара денеска и каде.

Од ВМРО-ДПМНЕ за МИА посочуваат дека има тековни разговори на ниво на работни групи и оти ќе известат за каков било евентуален договор.

Правата официјална средба помеѓу претставници на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се одржа во саботата на 14 мај. Тогаш беше соопштено дека нивната соработка ќе се базира на три постулати – евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.

-Заклучено е дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите до нивно финализирање, соопштија тогаш од ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата во саботата присуствуваа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со партиските потпретседатели и лидерите од партиите во Коалицијата „Влен“ – Арбен Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши.

Од коалицијата „Влен“ по средбата оценија дека преговорите се одвиваат во позитивна и вистинска насока.

Според првичните официјални резултати за парламентарите избори што ги објави ДИК, Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоено најмногу пратенички мандати, 58, по што следуваат Коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ со 19 пратенички мандати, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, 18, Коалицијата ВЛЕН, 13, а Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица по шест пратенички мандати.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски

ДУИ: ВЛЕН врши политички притисок врз обвинителството

ВЛЕН: Дали Артан Груби ја купува слободата со тајните на ДУИ?

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Со капитални инвестиции и реформи ја зајакнуваме енергетската стабилност на Македонија

ВЛЕН: ДУИ го присвои Охридскиот договор и сега го кочи Законот за правична застапеност