ВИДЕО: Владата донесе одлука за ослободување од плаќање аконтации за данок на личен доход и данок на добивка за три месеци

Од:

Ослободување од плаќање на аконтации на данок за личен доход и аконтации на данок на добивка за месец март, април и мај е една од последните одлуки на Владата за помош на даночните обврзници кои трпат штети во работењето поради мерките за заштита од коронавирусот. Директорката на УЈП, Сања Лукаревска посочи дека ослободување на аконтациите за данок на добивка се однесува на правните лица од угостителската дејност и туризмот, како и за другите субјекти кои имаат штета во работењето.

„Во овој момент најважна е помошта од државата за да им се помогне на сите кои се погодени од оваа криза. Владата донесе уредба за примена на Законот за личен доход за време на вонредна состојба, со кој се предвидува ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход, за месеците, март, април и мај, како и уредба со која се предвидува ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка за месеците март, април и мај. Ослободувањето од плаќањето на аконтациите на данокот на добивка се однесува на правните лица кои вршат угостителска дејност, дејност на туризам и транспорт, како и други обврзници кои имаат претрпено штети во своето работење поради спроведување на мерките за заштита од Ковид-19“, посочи Лукаревска.

Таа ги соопшти и условите кои треба да се исполнуваат за да се користи правото за ослободување од овие аконтации.

„За да го користат ова право, тие треба да ги исполнуваат условите, односно да не исплатуваат дивиденда на сопствениците, награда за деловна успешност или друг вид на годишна награда на вработените, како и органите на управување и надзор на даночниот обврзник, од денот на влегување на сила на уредбата до денот на траењето односно 15 јуни. Исто така, да не го намалат бројот на вработени од 26 март до три месеци по престанувањето на важност на уредбата“, додаде директорката.

Фирмите од останатите дејности, освен туризмот и угостителството, исто така можат да ги користат овие две привилегии, но еден од следниве услови услови.

„Обврзниците од останатите дејности, треба да исполнат еден од следните услови, како, вкупните приходи на даночниот обврзник да се намалени за најмалку 40 проценти во однос на претходниот месец или намалувањето на вкупните приходи за 2020 година да изнесува повеќе од 40 проценти во однос на истиот период претходната годин. Или, бројот на вработени кои не работат односно не придонесуваат во економската активнсот на работодавачот поради спроведување на мерките за коронавирусот, да изнесува најмалку 25 проценти во однос на вкупниот број вработени во месец февруари 2020. Или даночниот обврзник да затворил најмалку 50 проценти од продажните места преку кој го оставарува прометот“, рече Лукаревска.

Правото за ослободување од аконтациите се остварува преку електронско поднесување на апликација.

„Ослободувањето од плаќањето на данок за личен доход се однесува на обврзниците што остваруваат доход со вршење на угостителска дејност, туризам и транспорт, но и други даночни обврзници кои остваруваат доход од самостојдна дејност, а имаат претрпено штети поради мерките од Ковид-19. За обврзниците кои вршат дејност како туризам, транпосрт и угостителство, не треба да го намалат бројот на вработени сметано од 26 март до три месеци по престанување на важноста на уредбата. Обврзниците од останатите дејности, треба да исполнат еден од следните услови, како, вкупните приходи на даночниот обврзник да се намалени за најмалку 40 проценти во однос на претходниот месец или намалувањето на вкупните приходи за 2020 година да изнесува повеќе од 40 проценти во однос на истиот период претходната годин. Или, бројот на вработени кои не работат односно не придонесуваат во економската активнсот на работодавачот поради спроведување на мерките за коронавирусот, да изнесува најмалку 25 проценти во однос на вкупниот број вработени во месец февруари 2020. Или даночниот обврзник да затворил најмалку 50 проценти од продажните места преку кој го оставарува прометот“, посочи Лукаревска.

Би можело да ве интересира

УЈП ја објави новата листа на должници: 1801 фирма и 3606 граѓани должат 160 милиони евра

Орце Костов

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска место да поднесе кривична пријава до фирмите за криминал тежок над 22 милиони евра, таа ги става на листа на должници

Реакција на УЈП на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Демант од УЈП за тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ: Нема извршен поврат на ДДВ, даночните обврзници имаат даночен долг

Спречена измама со поврат на ДДВ од над 160 милиони денари на нафтени компании

Орце Костов