(ВИДЕО) Трипуновски: Повеќе од  50.000 тони на квалитетни јаболка поради негрижа на СДСМ ќе бидат фрлени во отпад

Од:

Со месеци овоштарите од Преспа молат за помош и поддршка од неспособната Влада на СДСМ и министерот Николовски. Повеќе од  50.000 тони  на  квалитетни јаболка заради вашата негрижа ќе бидат фрлени во отпад, а со тоа и трудот и маката на вредните земјоделци од Преспа ќе биде залуден, обвини на денешната прес-конференција, Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Луѓето молат за помош, а министерот за жал не наоѓа време да ги удостои за да најде решение за пласманот на брендот Преспанско јаболко. Патем оваа влада им ветуваше и на јаболкарите, но и на сите земјоделци дека ќе им отвори пазари и откупувачи кои ќе се тепаат да го откупат нивниот род. Ни пазари отворија ни откупувачи донесоа, а земјоделците и овоштарите сега се оставени сами со своите маки. Од тоа што Министерот Николовски шеташе по светот со народни пари гледаме дека нема никакво фајде за земјоделецот, па сега имаме потрошени пари за неговите прошетки и истовремено земјоделство кое е клекнато на колена.

Господа од СДСМ не постои ниту еден земјоделец од Преспа кој е задоволен од вашиот ангажман и вашите погубни политики во земјоделството.

Почитувани господа од СДСМ наместо празни состаноци со кои сакате да купите време и да го одвлечите решавањето на проблемот  под итно е потребен ваш ангажман да најдете пазар за повеќе од 50.000 тони на јаболка, но за тоа е потребно да излезете од вашите кабинети и да почнете со сериозна работа.

Повеќе од две години ги знаете барањата на овоштарите од Преспа, но за жал вие со мал прст не мрднавте. Ако уште малку Министерството за земјоделство одолговлекува и не го решава проблемот со откупот на јаболката, ќе треба Министерството за животна средина да го решава со обезбедување на депонии кај што ќе бидат фрлени 50 илјади тони јаболка од Преспа“, изјави Трипуновски.

Би можело да ве интересира

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Почна средбата на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за новата влада

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада

ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за здравство крахираше и во случајот Токсикологија

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ