(ВИДЕО) Поништена одлуката за спојување на концесиите, Бектеши бара да се донесе акт дека рудниците ќе ја загрозат животната средина

Од:

Владата ја поништила одлуката за спојување на концесиите за експлоатација на бакар и злато за рудникот на „Еуромакс“ во струмичко Босилово, а тоа ќе има правни последици за државата, истакна министерот за економија Крешник Бектеши.

„Владата одлучи да престане да важи претходната одлука, а тоа значи дека ние се враќаме таму каде што бевме, не носиме ниту позитивна, ниту негативна одлука. А Министерството за економија инсистира да се носи некаква одлука, а која е подобрата за интерес на граѓаните ќе каже времето и аргументите“, изјави Бектеши денеска.

„Престанок на важење на одлуката ние како институција секако ќе ја примениме и поради колегијалност ќе се обидеме на секаков начин да најдеме правен простор оваа инвестиција да не се случи. Но, ние мислиме дека има побрз пат и суштински пат, а тоа претходно ви го кажував претходно кога ги наведов документите кои треба концесионерот да ги достави во барањето за дозвола за експлоатација. Ако се одбие со акт од страна на институција, утредента министерството за економија ќе и предложи на Владата целосно да се раскине концесијата. Ние правиме статус кво и прифатливо е за нас како министерство затоа што ние само ќе ги повториме процедурите од претходно. Ние инсистираме да имаме одлука“, образложи министерот за економија.

Бектеши додаде дека концесионерот и после оваа одлука, ќе има право да ја повтори постапката и повторно ќе има ист концесионер кој ќе бара дозвола за експлоатација.

„Нашето министерство мисли дека најдобра опција, повикувајќи се на заштита на животна средина, да се донесе акт каде што се утврдува дека одредена потенцијална инвестиција е спротивно на стандардите за заштита на животна средина. Откако ќе се донесе тој акт, следниот ден министерството за економија ќе го раскине договорот“.

Владата на 27 јуни гласаше двете концесии да бидат споени – едната концесија за експлоатација на бакар и злато во село Иловица во општина Босилово, а другата исто така на локалитетот Иловица, но која зафаќа дел и во општина Ново Село.

Би можело да ве интересира

Голема наградна игра “Стани милионер со УНИБанка!”

Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Предраг Петровиќ

Средба Бежоска − Шиаочин Ју: Светската банка изрази задоволство од напорите на Народната банка за членството на земјава во СЕПА

Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката

Влада: Засега немаме добиено барање од СДСМ за лидерска средба

30 дена притвор за Крешник Бектеши и за 12 други лица во врска со трагедијата во дискотеката „Пулс“