Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана

Од:

Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана, потребно е да се искористат новите можности за зајакнување на руската економија, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

„Неопходно е не само да се следат овие фактори, да се предвидат нивните промени, туку најважно е да се искористат можностите што се појавуваат за развој на сопственото производство, трговските односи и извозот за зајакнување на руската економија“, рече Путин за време на состанокот за економски прашања.

Според него, постојаната објективна анализа на економската состојба е исклучително важна и секогаш е во нишанот на владата.

„Ова е особено потребно сега, кога меѓународната економска ситуација објективно станува сè покомплицирана, кога стоковите и финансиските пазари доживуваат сериозни флуктуации поради засилувањето на глобалната конкуренција“, рече тој.

Русија треба да обезбеди стабилно темпо на економски раст со намалена инфлација и ниско ниво на невработеност, истакна Путин.

Тој рече дека растот на БДП на Русија оваа година ќе биде малку помал од минатата година. Ова, вели тој, е неопходно за одржување на макроекономските индикатори и борба против инфлацијата, пренесува „Спутник“.

Инфлацијата во Русија останува висока и изнесува над 10 отсто, истакна рускиот лидер.

Би можело да ве интересира

Германската индустрија инвестира во рударството: БМВ и Рајнметал ќе бараат нови извори на критични минерали

(ВИДЕО) „Телеграф“: Зеленски издаде надерба да се уништи „гордоста на Путин“

И Здравје и Работа: Грција го отвори еден најголемите рудници во Европа на Халкидики, македонското рударство се уште чека шанса

Трамп се откажа од дел од понудата за Русија: „Стана јасно дека не се заинтересирани“

Путин: Ситуацијата на рускиот пазар на нафтени деривати моментално е тешка

Антикорупциска оформи предмет – Истражува судир на интереси во случајот Фокуснет против Македонски Телеком

Предраг Петровиќ