(ВИДЕО) Костадинов: Растат платите, повеќе пари за работниците, повеќе пари во секое семејство

Од:

„Ги реализираме мерките од Планот за живот за обезбедување на повеќе пари кај граѓаните, повеќе пари за работниците, земјоделците, војниците, полицајците, за повеќе пари во секое семејство.

За само две години, просечната плата според официјалните податоци на Државниот завод за статистика порасна за над 2.000 денари. Тоа е добар индикатор, работниците добиваат повеќе пари.

Просечната плата во септември изнесува 24.355 денари што е за 2.164 денари повеќе во однос на септември 2016 година, во времето на претходната на власт“, рече Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.

„Забележан е раст на платите во сите сектори, вклучувајќи и приватниот сектор.

Растот на минималната плата на 12.000 денарија отвори спиралата на раст на платите за работниците во кожарската и текстилната индустрија, но и во други сектори.

Покрај платите, растат и пензиите, и пензионерите добиваат повеќе пари. Просечната пезнија во септември 2018 изнесува 14.500 денари што е речиси 1.400 денари повеќеотколку во септември 2016, во времето на претходната власт.

Трендот на раст на расположливиот доход во секое семејство дополнително ќе се интензивира со Буџетот за 2019 година кој обезбедува повеќе пари и поддршка за граѓаните.

Платите и наредната година растат во сите сектори.

Вработените во образованието, здравството, социјалните центри, детските градинки, одбраната, војската, полицијата и судството добиваат повиоски плати за 5 отсто. Докторите специјалисти добиваат повисоки плати од 10 отсто.

Преку зголемената државна поддршка за претпијатијата, платите растат и во приватниот сектор.

Значително се зголемува социјалната помош. Преку воведувањето на мерките гарантиран минимален приход и семеен пакет на права, лицата приматели на социјална помош, добиваат и до 300 отсто зголемена социјална помош.

Создаваме можности, околу 60.000 деца добиваат детски и образовен додаток.

Со воведувањето на мерката „зелена нафта“, земјоделските стопанства ќе добиваат поддршка до 30 отсто за набавка на нафта. Тоа ќе ги намали трошоците за производство и ќе останат повеќе пари кај земјоелците.

Преку зголемена и навремена исплата на субвенциите и со повратот на персоналниот данок, растат приходите кај земјоделците.

Ова се само дел од мерктие што ја потврдуваат определбата на СДСМ за повеќе пари и унапредување на животниот стандард на сите граѓани.

Владата предводена од СДСМ, пратениците, министерствата, продолжуваат со реализација на зацртаните мерки што обезбедуваат економски раст, повисоки плати и подобар живот за сите“, изјави Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје