СДСМ: На Велиген власта остави работници од повеќе институции без плата

Од:

Во овие празнични денови, на Велигден Владата ги остави без плата работниците во културата, вработените во Центрите за социјална работа, работниците во Државниот трудов инспекторат, Државниот пазарен инспекторат, во Министерство за економија, вели потпреседателката на СДСМ Кристина Костова.

– ДПМНЕ грубо и без грам совест го крши законот за исплата на плати на сите вработени до 15 во тековниот месец за претходниот месец. Или за Владата на Мицкоски не важат законите или воопшто не им е грижа за работниците. Платата не е награда, таа е основно загарантирано законско право на секој работник. До таму дојдовме да во Македонија веќе не се зборува за економски развој, туку дали власта може да ја исполни законската обврска – исплата на заработената плата. За Владата може да има папаја, манго и луксузи- за работникот трошки на софрата. Ова е врв на неодговорност и неспособност. Вработните во јавниот сектор заслужуваат да ја знаат вистината- зошто не им е исплатена платата и кој ќе сноси одговорност за тоа? Бараме итна исплата на платите на вработените во јавниот сектор. Доистоинството и законското право на работниците не смее да зависи од неспособноста на Владата, рече Костова.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра