ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата

Од:

Бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев изјави (цитирам) “уставните измени не се единствениот услов, тогаш допрва почнува процесот”. Оваа негова изјава значи врел шамар за СДС, Венко Филипче и целата надворешна политика на оваа партија која се заосноваше на тезата дека уставните измени се единствениот услов кој треба да се исполни, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Уставните измени се единствен услов за продолжување на нашиот пат кон ЕУ. Продолжувањето на преговорите со ЕУ не зависи од Извештајот на ЕК, туку од уставните измени. Единствен услов за отворање на првиот кластер се уставните измени“, се зборовите со кои Бојан Маричиќ лажеше и ја убедуваше македонската јавност, дека “Бугари” во Устав се последната кнедла која треба да се проголта. Додека ВМРО-ДПМНЕ бараше гаранции и уставните измени со одложено дејство, СДС повторно не убедуваше дека нема опасност од ново вето од Бугарија. И претседателот Христијан Мицкоски, јасно посочуваше дека смената на уставот е само почеток на барањата, СДС пак лажеше дека тоа не е точно. СДС ја заплеткаа државата во чвор, го лажеше народот и ги распродаваше државните и национални интереси без око да му трепне. Каде е сега Венко Филипче да ја убедува јавноста дека уставните измени се единствениот услов за напредок? Ќе се извинат ли што ја лажеше јавноста? Едно е сигурно, СДС е синоним за неспособност, криминал и предавства.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла, пресметка Мицкоски-Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

Филипче: Загрозен Вториот пензиски столб – нема пари во буџетот па ќе се трошат заштедите?

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски