ВИДЕО: Ќе одам на одмор – ако платите нешто!

Од:

– Дали ќе одите на одмор годинава? – Единствено ако платите нешто.

Вака еден граѓанин одговори на прашањето дали следниот период ќе го искористи за летување и колку финансиските можности му до дозволуваат тоа.

Македонците годинава ќе одат на летни семинари, викендици и кампувања во рамките на државата, ќе организираат свадби за нивните деца, но немаат пари да одделат и за одмор.

Голем дел од граѓаните ги мачи беспарицата и годинава не можат да си дозволат да заминат на летување. Некои пак, кои имаат подлабок џеб се спремни да одделат дури 1.500 евра за уживање во Италија.

– Годинава ќе стагнираме. Ние бараме егзистенција оваа година, без пари не се прави ништо. Од година во година е се потешко – се жали еден граѓанин.

– Со пензија од 10.000 денари не се оди на одмор. Немам пари да им дадам на децата и внуците, ниту пак тие имаат пари. Невработеноста е голема, но затоа имаме споменици и плоштади – изјави една жена.

Истражувањето на „Евробарометар“ за минатата година покажува дека петтина од Македонците никогаш не биле на одмор. Во однос на испитаниците кои не биле никаде на одмор во 2013 година, дури 64 насто од граѓаните во Македонија не го сториле тоа поради финансиски причини.

Истражувањето покажува дека од вкупниот број граѓани што лани заминале на одмор околу 37 проценти го минале одморот во земјава, а 17 отсто од граѓаните биле во Грција. Половина од македонските граѓани што лани заминале на одмор тоа го сториле во некоја од земјите на Европската Унија.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Една четвртина од младите се пречесто на социјалните мрежи, според нив, партиите се најголем извор на неточни информации

Орце Костов

Анкета на ДУИ: Бујар Османи сигурно влегува во вториот круг во изборот за претседател

Орце Костов

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски