(ВИДЕО) Калеска – Ванчева: Со новиот Закон за извршување, износот од 1/3, се намалува на 1/5 од просечните примања

Од:

„СДСМ продолжува со реализацијата на одговорните политики кои обезбедуваат подобар животен стандард за граѓаните.

На вчерашната собраниска седница парламентарното мнозинство, на предлог на Владата предводена од СДСМ, ги изгласа измените на Законот за извршување кои се особено во интерес на загрозените категории на граѓани.

Новиот Закон за извршување обезбедува целосно изземање од присилното извршување на примањата на граѓани кои се корисници на гарантирана минимална помош од социјалната заштита,примањата на децата согласно Законот за заштита на децата, како и примањата за социјална сигурност на старите лица“, рече Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка на СДСМ.

„Со измените се намалува износот на максималната вредност која може да биде задржана од примањата на граѓаните.

Наместо досегашните 1/3 од примањата, износот кој може да биде извршен се намалува на 1/5 од плата или пензија за лицата приматели на просечна плата и пензија, надомест на трошоци за сместување на лице и надоместок за згрижување на згрижувачко семејство, како и за децата корисници на семејна пензија.

Примената на законските одредби се однесува и за веќе започнатите извршувања како поповолен закон за граѓаните.

Трошоците кои ги плаќаат граѓаните мора да бидат намалени и разумни, а не енормни, само така ќе изградиме фер и праведно општество.

СДСМ како одговорна партија спроведува политики кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, зголемување на семејните буџети и подобар животен стандард за сите“, изјави Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

(ВИДЕО) Кузеска: Ги очекуваме резултатите, уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

Александар Тодески

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов