ВИДЕО: Јавниот сектор да ги внесе податоците во регистарот, инаку не ќе може да исплаќа плата

Од:

Институциите од јавниот сектор имаат рок од три месеци да ги внесат податоците за своите вработени во инфоматичкиот систем за управување за човечки ресурси бидејќи во спротивно може да се доведат во ситуација да не можат да им исплатат плата на вработените чии податоци не се внесени.

Тоа значи дека доколку институцијата ги нема внесено податоците за вработените во регистарот на Министерството за јавна администрација, при поднесувањето на пресметките за плата ќе се појави грешка во системот на Управата за јавни приходи поради што не ќе може да ја исплатат платата.

– Препорачуваме пред да започне примената на новите законски одредби односно во претстојните три месеци работодавачите од јавниот сектор да извршат целосно пополнување на податоците во регистарот со што ќе се избегне појава на грешка при вршењето на контролата на податоците од страна на УЈП, појасни директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на денешната заедничка прес-конференција со министерот за јавна администрација Дамјан Манчевски.

Од вкупно 1.303 институции од јавниот сектор, 259 немаат внесени податоци. Од нив, 173 институции немаат побарано согласност од МИОА и немаат активна систематизација, а 86 не внеле податоци за вработените иако имаат одобрена систематизација.

– Целосно ажуриран и пополнет регистар ќе даде јасна слика за моменталната состојба во администрацијата, за бројот на слободни работни места, старосната структура, бројот на лица кои се пред пензија и многу други податоци. За пополнувањето на слободните работни места ќе може да се најде соодветен кадар кој ги исполнува потребните критериуми и ќе може да се превземе од трансфер листата. МИОА нема за цел да ги казнува институциите, но мора да обезбедиме регистар што конечно ќе ги содржи сите информации и ќе ја исполни улогата за која е скапо платен, рече министерот Манчевски.

Тој додаде дека регистарот, што е воспоставен пред две години, и за кој биле платени два милиона и 153 илјади евра, не ги дава потребните информации бидејќи не бил дизајниран да го дава бројот на вработени.

– Тоа не се барало. Во времето кога системот е правен, тоа било државна тајна, рече Манчевски.

Во следниот период секој вработен ќе има пристап до регистарот и ќе може да провери дали се внесени неговите податоци, ќе се организираат дополнителни обуки за институциите од јавниот сектор, ќе се побара реакција од Државниот управен инспекторат за раководителите на институциите кои не ги внеле податоците, а на веб страницата на МИОА ќе бидат објавени сите оние институции кои ги немаат внесени податоците во регистарот.

Би можело да ве интересира

УЈП ја објави новата листа на должници: 1801 фирма и 3606 граѓани должат 160 милиони евра

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска место да поднесе кривична пријава до фирмите за криминал тежок над 22 милиони евра, таа ги става на листа на должници

Реакција на УЈП на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Демант од УЈП за тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ: Нема извршен поврат на ДДВ, даночните обврзници имаат даночен долг