(ВИДЕО) Георгиевска: Пари за поголеми плати и пензии, нови редизајнирани мерки со ребалансот на Буџетот

Од:

„Во Комисијата за финансирање и буџет во Собранието започнува расправата по предлог ребалансот на Буџетот за 2022 година. Станува збор за важен документ кој има за цел да обезбеди продолжување на досегашните мерки и политики за справување со последиците од светската економска криза“, рече Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.

„Преку одговорен пристап преку овој Ребаланс се остварува заштеда на сериозни средства кои ќе се искористат за директна помош за граѓаните и стопанството.

На овој начин се обезбедуваат 76 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството, како и дополнителни 52 милиони евра за поддршка на земјоделците, за раст на платите и пензиите.

Тоа значи дека во буџетот се обезбедени средства за нови таргетирани мерки за помош, за усогласување на платите на буџетските корисници со растот на минималната плата, како и за зголемување на пензиите од септември, согласно новата усвоена методологија.

Со ребалансот предвидени се финансиски средства за капитални инвестиции во делот на патната и железничка инфраструктура, гасификација но и инвестиции во обновливи извори на енергија што е особено важно во време на светска економска и енергетска криза.

И во време на криза Владата и парламентарното мнозинство преку одговорни мерки и политики успева економијата да ја задржи на стабилни основи и таа да остане ликвидна.

Оттука, ги повикуваме сите пратеници од сите пратенички групи да дадат придонес преку конструктивна дебата и предлози да се вклучат во носењето на овој ребаланс затоа што тоа е битно и за граѓаните и за нашата економија.

Како парламентарно мнозинство досега сме докажале дека имаме слух за барањата од опозицијата, преку прифаќање на оние амандмани кои биле издржани и биле во насока на унапредување на стандардот на граѓаните.

Очекуваме опозицијата да ги стави интересите на граѓаните на прво место и дека наместо со блокади и кочења, ќе придонесе со аргументирана дебата и конструктивност при носењето на ребалансот“, изјави Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

(ВИДЕО) Кузеска: Ги очекуваме резултатите, уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

Александар Тодески

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов