(ВИДЕО) Арсовски: Со прогресивниот данок ќе се стимулира одлевање на квалитетен ИТ кадар

Од:

СДСМ со воведување на прогресивниот данок, односно покачувајќи го за дополнителни 8% за сите оние што заработуваат над 90.000 денари само ги повикува граѓаните на непослушности и ќе стимулира зголемување на даночната евазија, рече Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

– СДСМ, Тевдовски и Заев од уста не го вадеа зборот дебата, а сега преку ноќ, без да чујат или приберат мислење од фелата, компаниите, бизнис секторот воведуваат прогресивниот данок на штета на граѓаните и на државата. Очигледно, со ова само ќе ја зголемат сиромаштијата во Република Македонија, која и онака е огромна. Ова е неправедна даночна реформа која ќе оди директно на штета на граѓаните. Замислете сега над 450.000 граѓани живеат во сиромаштија, а со оваа реформа дополнително ќе се стимулира ширење на сиромаштијата. Ќе се стимулира и даночната евазија, ќе се стимулира намалување на платите, нема да се отвораат нови работни места и се повеќе ќе се зголеми инфлацијата. И најважното за граѓаните, ќе се зголемат трошоците за живот. Ова, почитувани доведува до сиромаштија, рече Арсовски.

Тој додаде дека целата експертска јавност, бизнис заедницата, компаниите, професорите, сите биле против оваа реформа, а Заев и Тевдовски не можеле да сфатат дека со ова, освен штета, ништо друго нема да се постигне.

– Ќе ви дадам прости примери за целата јавност да може да види штета ќе трпат граѓаните. Замислете во едно семејство кое живее во заедница каде што живеат 6 или 8 членови и кое се бави единствено со земјоделие и тоа е единствениот начин преку кој заработуваат, ако во тоа семејството само еден е пријавен како земјоделец и го издржува целото семејство, СДСМ со оваа реформа директно го осиромашува целото семејство за дополнителни 8%. Па така со покачувањето на данокот нив ќе им се влијае негативно и на приходот, односно ќе им се намали приходот, бидејќи ќе плаќаат дополнително 8% данок, но и ќе им бидат повисоки трошоците за наредната година за сеидба или што и да работат, бидејќи оваа мерка ќе резултира со покачување на цените на трошоците. Резултатот е дека со оваа мерка целото семејство после само 1 земјоделска година односно сезона значително ќе им се намали заработката, рече Арсовски.

Тој рече дека наместо да носат мерки за враќање на иселените, Заев и Теводвски со ова дополнително ќе стимулираат одлевање на квалитетен кадар од ИТ секторот.

– СДСМ е најантидржавна и најантиграѓанска партија која што ја предводи Владата на Република Македонија. Да и нанесеш штета на целата држава и на целиот приватен сектор и на граѓаните, за годишен приход од 25 милиони евра, што сепак е знак прашалник дали и толку ќе бидат годишно е навистина сулудо, непромислено и недоветно. Но за жал, тоа е СДСМ. Секогаш кога е СДСМ на власт, државата тоне во криминал, корупција и сиромаштија. Затоа, што побрзо си замине СДСМ од власт, толку побрзо Македонија ќе тргне напред, рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

Николоски: Во следните две недели ќе продолжиме да работиме уште поинтензивно за уште поголема победа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, Македонија повторно ќе биде горда и твоја

Горан Наумовски

Мицкоски: Мислеа дека си имаат работа со мали деца, победуваме со повеќе од 170.000 гласови разлика

Орце Костов

Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ: Забележани се случаи на семејно гласање и притисоци во Сарај

Орце Костов