(ВИДЕО) Анѓушев во Виена: Дигитализацијата е процес со кој компаниите стануваат поефикасни, попрофитабилни и поконкурентни

Од:

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев како член на висока Владина делегација учествува на „Виенскиот економски форум: Дијалог за иднината“, кадешто се обрати на панелот „Живееме во дигитално време: Визии и реакции на инвеститорите“.

Вицепремиерот истакна дека истражувањата покажуваат дека дигитализацијата на компаниите е корисен процес и дека оние компании кои спровеле дигитална трансформација прикажуваат раст од 26%. Во овој момент дигиталното работење на компанииите од Република Македонија и од Западен Балкан изнесува во просек 10% од вкупното работење на компаниите, но позитивно е тоа што 63,3% од фирмите сметаат дека дигитализацијата претставува можност за унапредување на нивниот начин на работа и токму тука се гледа потенцијалот од натамошна дигитализација на стопанството.

„Сопствениците на компаниите мора да бидат свесни дека ако сакат да бидат конкурентни на меѓународните пазари, нивните компании мора да бидат во чекор со процесот на дигитализација. Тоа не e само начин на живеење или тренд, дигитализацијата е предуслов да бидете дел од економските односи, во спротивно сте надвор од играта. На бизнисот му требаат реални податоци во реално време, а тоа е само дел од она што дигитализацијата го овозможува. Владата на Република Македонија силно го поддржува овој процес, особено кај малите и средните претпријатија. Со комплетирање на процесот на дигитализација во компаниите, се намалуват трошоците, компаниите стануваат ефикасни и ефективни, а сето тоа резултира со зголемување на нивната конкурентност“, потенцираше вицепремиерот Анѓушев.

Економскиот форум се одржува денес во Новаматик центарот во Виена, а на него присуствуваат голем број на претставници од бизнис заедницата во Република Австрија.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Виена: Тинејџер со ножици избодел другар

Горан Наумовски

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Откажани летовите Скопје – Виена поради штрајкот во „Аустријан ерлајнс“

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена