(ВИДЕО) Узунов: Министри, излезете на дебата

Од:

Одбивноста на Владата на ВМРО ДПМНЕ за прифаќање на предлог мерката на СДСМ за враќање на 15% од Данокот на додадена вредност според СДСМ е симптоматична.

Очекувале ВМРО-ДМПНЕ да коментира, па и да дава предлози и сугестии, во однос на техничките аспекти за спроведување на мерката.

„Но, ова веќе се граничи со патологија. Според реакциите на Владата излегува дека во оваа држава никој, освен член на ВМРО ДПМНЕ, не може ниту да има, ниту да предложи било што издржано“, изјави потпретседателот на СДСМ Ванчо Узунов.

Во буџетот на РМ,посочи, по основ на ДДВ, годишно се собираат околу 45 милијарди денари. Според официјални податоци, даночното затајување се проценува на околу 35%.

Ако со нашата предлог мерка тоа затајување кај ДДВ-то се намали за две третини, тогаш во буџетот ќе се собираат по околу 55 милијарди денари годишно по основ на ДДВ. А 15% од тоа изнесува околу 8 милијарди денари, односно, околу 130 милиони евра. Затоа вели, СДСМ аргументирано говори дека кон граѓаните би се враќал толкав вкупен износ годишно.

„Според официјални податоци, во РМ живеат околу 2 милиони граѓани.

Но, точниот број, по „заслуга“ токму на владата на ВМРО ДПМНЕ со неспроведувањето на пописот, за кој патем парите беа потрошени, точниот број на граѓани всушност никој не го знае. Потоа, бидејќи просечното семејство во државата брои меѓу 4 и 5 члена, појдовме со претпоставка дека во Македонија живеат околу 355.000 семејства.

Сега, ако 13 милиони евра годишен поврат на ДДВ, се подели со наведениот претпоставен број на семејства, се добива износ од околу 380 евра, односно, околу 23.500 денари по семејство годишно. Бидејќи, како што беше кажано, станува збор за просек, СДСМ во изјавите ја изнесе претпоставката дека враќањето на 15% од ДДВ-то ќе создаде дополнителен приход меѓу 20 илјади и 30 илјади денари по семејство годишно“, рече Узунов.

Узунов вели дека е интересна конфузијата во изјавите дека оваа влада на ДПМНЕ претпочита пониски даноци, за разлика од СДСМ кој, наводно, претпочитал повисоки даноци.

„Се прашуваме, дали раководството на ДПМНЕ не може да согледа дека предлогот на СДСМ за враќање на 15% од ДДВ-то всушност значи смалување на даночната стапка, односно, помал данок за граѓаните? Па тоа не би требало да биде многу тешко за согледување“, рече Узунов.

Ги повика министрите во владата, за ефектите од примената на мерката на СДСМ да не се кријат зад партиски соопштенија туку да излезат на отворена јавна дебата.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

(ВИДЕО) Кузеска: Ги очекуваме резултатите, уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

Александар Тодески

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов