Усогласените договори – ново оружје на доктрината за штедење

Од:

Европската комисија не е задоволна ни со темпото со кое се спроведуваат структурните реформи, ни со инструментите кои за тоа и стојат на располагање. Механизмот што треба да ги отстрани тие незадоволства се најавените усогласени договори меѓу Комисијата и некои земји-членки: во замена за поволни каматни стапки, државите треба да и ги предадат на Комисијата надлежностите во економската, фискалната и социјалната политика.

Додека се собираат демонстранти против новиот договор за слободна трговија меѓу ЕУ и САД, шефовите на европските држави и влади се состанаа во Брисел, каде замислија воведување на нов механизам: усогласени договори, потпишани меѓу ЕК и државите членки.

Кога ќе се спроведе на дело, тој механизам може да претставува најмоќно оружје за уништување на социјалните држави што некогаш било дадено во рацете на европските институции.

Иако за наведената мерка се уште се расправа, претседателот на Партијата на европските социјалисти Сергеј Станишев, вели дека таа може да доведе до укинување на социјалната заштита во сите држави-членки, една по друга, мерка по мерка. Плашејќи се од експлозија на евроскептицизам, ако така ја овластиме Европа да влегува во надлежностите на државите членки и во нив да спроведува структурни реформи, Гиј Верхофштад, претседател на либералите во Европскиот парламент, жестоко изјави дека предлогот најавува смрт на Европа.

Познат и под името инструмент за конвергенција и конкурентност, усогласените договори се темелат на едноставен принципи: во замена за финансиски поттик, европските држави ќе бидат повикани со Комисијата да потпишат договор за макроекономски реформи.

Со договорот потпишаните обврски ќе се однесуваат на социјалниот, економскиот и финансискиот сектор, независно од компетенциите на европските институции. Со оглед на актуелните приоритети на Комисијата, лесно можеме да замислиме дека повластицата финансиска предност ќе биде условена со прекин на мерките за заштита на работното место, намалена социјална помош или даночни повластици за компаниите…

Во моментов социјалните, економските и финансиските мерки  во голема мера се носат врз осноав на правило на консензус на 28-те влади, што го кочи покренувањето на структурните реформи. Интервенцијата на европските институции често се ограничува на едноставни необврзувачки препораки кои често не даваат никакви ефекти.

Јорг Асмусен член на Генералниот совет на Евроспката централна банка, се жали дека државите-членки до сега на дело спровеле само 10 отсто од препораки од Советот. Од гледна точка на нивните иницијатори, посебно германската и владите на земјите сојузници на Германија, структурните реформи не ги спроведуваат ни доволно брзо ни во доволен обем.

Се чини дека договорите директно ги наметнува ММФ, со кои на многу земји во развој им се наметнува отворање на нивните економии. Тој метод веќе го примени „тројката“ ЕЦБ, ММФ и ЕК во рамки на својата помош на земјите со финансиски проблеми. На Грција, Кипар и Португалија им наметнаа обемни програми за приватизација.

Значи, наскоро ќе стане можно таа стратегија да се прошири на целата Европска унија, вклучувајќи ги и тие земји кои не се во криза. ЕК дури предложи период во чиј тек треба да се наметне употребата на новиот механизам на сите земји на еврозоната…

Ни останува само да се согласиме околу финансиските предности кои би биле пружани за возврат.

Европските лидери досега не постигнаа договор на оваа тема. Комисијата на почетокот предложи основање на фонд кој би се полнел со нови прилози на државите-членки или од приходи од идните европски даноци, посебно данокот на финансиските трансакции, со кој би се даночеле финансиските пазари, за да се либерализира економијата.

Но, интерниот документ на Комисијата покажува дека европските лидери работат на друг план: европските позајмици со примарна каматна стапка, т.е. на првата примена на механизмот на взаемност на националните долгови, кои земјите кои се наоѓаат во проблеми ги побаруваат уште од почетокот на кризата. Преносот на европските јавни долгови ќе им овозможи на најслабите земји да позајмат средства со пониска каматна стапка, која се доделува на најсилните економии внатре во ЕУ.

Да видиме како Комисијата би можела да профитира од овој механизам. За земјите за кои се однесува, изборот би бил следен: или ќе продолжат со реформите кои ги бара Комисијата или ќе се откажат од вредните финансиски средства.

Во очите на италијанските и шпанските лидери, кои  позајмуваат пари со каматна стапка која е за два отсто повисока од каматните стапки одобрени на Германија, пристапот на европските позајмици би значел и голема заштеда, ставајќи ја Комисијата во позиција на моќ од која може да ја наметнува својата волја.

Додека взаемноста на јавните долгови ја има таа цел да пружи малку кислород на земјите кои се наоѓаат во проблеми, усогласените договори се закануваат европските кредити да ги преобразат во нов начин на припитомување на националните влади.

Поврзан со големи финансиски средства, овој нов арсенал значи може да ги загрози националните механизми за солидарност и повеќе од самиот Фискален пакт. Наспроти прангите кои овој механизам ги претставува, во негови рамки државите-членки и натаму сами господарат со средствата кои се употребени за да се испочитува фискалниот пат кој мора да го следат.

Наспроти тоа, овој договор на Комисијата ќе и овозможи над непослушните земји да спроведе невиден притисок. Одлуката за остатокот од предметот е одложена за следната средба, при што претседателот на Советот мора за него во ноември 2014 да поднесе извештај. Со поддршка на Советот, германската канцеларка Ангела Меркел вети дека ќе го следи развојот на овој проект милиметар по милиметар.

Предлогот предизвика силна скептичност во одредени европски држави, вклучувајќи ги и старите германски сојузници, а и во самиот Совет отпорот се уште е силен. Иако е умерена, социјалната мобилизација ќе најде начин да го спречи прифаќањето на проектот или по секоја цена да ги отстрани неговите најпроблематични аспекти.

Монд Дипломатик – Париз

Би можело да ве интересира

Доларот зајакна во однос на еврото

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ