УЈП правела техничко доусогласување, ќе се исплатат и останатите средства од „Мој ДДВ“ за првото тримесечје

Од:

Вкупно 313.473 граѓани заклучно со вчера добиле поврат на ДДВ за првото тримесечје од годинава со што се реализирани 392.105.912 денари.

Како што рече денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска, исплатен ќе биде и останатиот мал процент средства.

-Останат е уште мал процент да се врати назад кај корисниците на апликацијата „Мој ДДВ“ зашто имавме одредено техничко доусогласување откако се случи минатиот пат да имаме двојна исплата. Многу внимаваме во тој дел, да не ја направиме истата грешка. Навреме како и досега ќе биде реализиран повратот на средства кај граѓаните, истакна Лукаревска.

Таа уште еднаш апелира тие што ги немаат корегирано своите трансакциски сметки, да го направат тоа што поскоро.

Би можело да ве интересира

Рокот за поднесување ДДВ-4 продолжен до 27 октомври

Ана Ололовска

ВИДЕО: Во 2020 година скопјанка остварила најголем годишен доход – 453,1 милиони денари, највисока плата имал стружанец

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Лукаревска: До 4 октомври 5.713 обврзници немаат исплатено плати на вкупно 14.829 вработени

Ана Ололовска

СДСМ: Преку Мој ДДВ на граѓаните им се вратени 36,3 милиони евра

Преку „МојДДВ“ кај граѓаните за две години се вратени 36,3 милиони евра

Ана Ололовска

УЈП го следи случајот со текстилната фабрика „Баргала“, контролата е при крај

Ана Ололовска