Тутунски комбинат – Прилеп со квартална загуба од 1,1 милион евра

Од:

Во првиот квартал од годинава Тутунскиот комбинат – Прилеп оствари помала загуба во споредба со претходната година. Според тримесечниот извештај објавен на веб-страницата на Македонска берза, Комбинатот остварил загуба од 1,1 милион евра, што е за 300 000 евра помала во споредба со онаа од лани во истиот квартал.

Во овој период Тутунскиот комбинат на страната на приходите покажува подобри резултати споредбено со лани. Комбинатот оствари оперативни приходи за 22 отсто повеќе од претходната година во истиот период, односно приход од 7,6 милиони евра.

Речиси идентични се трошоците за вработените како и во 2012 година, околу 1,2 милиони евра, а, пак, на страната на расходите за три месеци залихите на готови производи и производство достигнаа 4 милиони евра, наспроти 3,1 милион евра од претходната година.

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он